Таа танцува заводнички, тој ја гали по нога – Брена и Чола првпат заедно на сцена, зрачат неповторлива енергија (видео)
- Детали
- понеделник, 18 март 2024
Брена ги покажа згодните нозе, Чола шармантно ја бакнува по рака, скокаат и пеат со неверојатна енергија – најголемите регионални музички ѕвезди за првпат заедно на сцена, ја испеаја хит песната „Pusti, pusti modu“.
Деновиве на социјалните мрежи хит е видео од заеднички настап на Лепа Брена и Здравко Чолиќ, каде сцената „гори“ од нивната неверојатна енергија.
Иако се двете најголеми музички имиња во регионот, кои со децении владеат на сцената, сепак дури сега првпат заедно настапуваат.
Легендарниот Здравко Чолиќ викендов имаше концерт на Копаоник, а специјална гостинка беше Лепа Брена и направија невиден спектакл на сцената, од кој публиката е одушевена.
Заедно ја изведоа песната на Чола, „Pusti, pusti modu“, а енергијата со која настапуваа е неповторлива.
Брена влезе во улога, танцува заводнички и ги покажа згодните нозе поткревајќи го фустанот, а српскиот шармер, нежно ја гали по нога, ја бакнува на рака, се прегрнуваат, скокаат и прават незаборавно шоу.
„Здравко, за ова мечтаев, да го отпееме ова заендо. Живели, уживајте, ве сакам“ – рекла Брена по настапот, пренесува српски Телеграф.
Погледнете го видеото од спектакуларниот настап на легендарните ѕвезди Лепа Брена и Здравко Чолиќ (кликнете на објавата):
M. M. | Црнобело