Гоца Тржан откри дека била жртва на сексуално насилство: „Безрезервно му верував, а тој сакаше да ме силува“
- Детали
- вторник, 01 ноември 2022
„Не го пријавив затоа што се плашев дека околината ќе ме обвинува: ‘Што барала со него?’ Мислам дека и денес жртвите молчат од истите причини“ – пејачката отворено зборуваше за моментот кога била жртва на сексуално насилство, а ја нападнал најдобриот другар во младоста.
Гоца Тржан (48) е позната по тоа што отворено говори за сите аспекти од нејзиниот приватен живот, а сега за првпат ја отвори душата и зборуваше за траумата што ја доживеала на само 18 години кога била жртва на сексуално насилство, но успеала да се одбрани.
Гоца Тржан гостуваше во емисијата „Ne tarpiji sa Slavicom Đukić Dejanović“, на Blic TV каде за првпат отворено говореше за периодот кога била жртва на сексуално насилство.
„Доживував непријатности како девојче, како и голем број други жени, но мислам дека голем број од нив стануваат свесни за тоа дури кога ќе пораснат. Поголемиот број жени во животот доживеале некој вид на сексуална злоупотреба и мене ми се случи тоа“ – вели пејачката.
Пејачката вели дека оваа непријатност ја доживеала од најдобриот другар со кого била мошне блиска. Вели дека долго време молчела за тоа што се случило затоа што сакала да заборави на пеколот низ кој поминала.
„Мојот другар и јас бевме мошне блиски, имав безрезервна доверба во него, а тој го искористи тоа. Ниту во сон не помислував дека некој би посакал да ми направи нешто лошо, а тој сакаше да ме натера да имаме секс.
Само сакав да го заборавам тој пекол, па молчев. Не го пријавив затоа што се плашев дека околината ќе ме обвинува: ‘Што барала со него?’ Мислам дека и денес жртвите молчат од истите причини“ - вели таа, а пренесуваат српските медиуми.
Како мајка на девојче Гоца споделува совети за тоа како треба да ги воспитуваме девојчињата:
„Девојчињата треба да ги научиме дека треба да бидат опкружени со мажи на кои можат да им речат: ‘не’ и да бидат сигурни дека тој некој ќе ги послуша.
Кога влегуваат во врска, треба да обрнуваат внимание на тоа како човекот се однесува кон луѓето во своето опкружување, во сообраќајот...“ – вели таа.
Погледнете ја најавата за емисијата:
Б. С. Б. | Црнобело