Се развела заради Киванч Татлитуг, шпекулации за обид за самоубиство – Каде е и што прави актерката од „Ѓумуш“, Сонѓул Оден? (фото)
- Детали
- сабота, 12 ноември 2022
По провокативните фотки на кои беше заедно со колегата Киванч Татлитуг, нејзиниот тогашен сопруг излезе во медиумите и тврдеше дека таа го изневерува. Била под голем притисок додека играла со најубавиот турски актер – факти за Сонѓул Еден, актерката која играше во турската серија „Ѓумуш“.
Македонската публика ја помни по улогата на убавата Ѓумуш во истоимената турска серија од 2005-та година, што се емитуваше пред десетина години и кај нас, а оттогаш па наваму актерката Сонѓул Оден играла во поголем број театарски и филмски проекти.
Позната е и по тоа што играше во турската верзија на серијата „Очајни домаќинки“, играше и во серијата „Сарајот на Серџе“, што исто така се емитуваше и кај нас, а на приватен план отворено говори и за сопствените проблеми со менталното здравје.
Сонѓул е родена во 1979-та година во Дијабакир и е турска актерка со курдско (Заза) потекло, односно тоа е население што живее во источна Турција, а говори ирански јазик кој се пишува со латиница.
Основното и средното образование го завршила во Анкара, а таму се запишува и на Факултет за драмски уметности. По завршувањето на образованието играла во повеќе театарски претстави, а на малите екрани иако почнала да се појавува уште во 1999-та година, најголема слава ќе доживее со серијата „Ѓумуш“.
Таа неодамна отворено говореше за периодот кога ја снимала серијата „Ѓумуш“, па рече дека постојано била под психолошки притисок затоа што публиката сметала дека таа не е е доволно убава за да снима заедно со турскиот Бред Пит, Киванч Татлитуг.
„Ме критикуваа дека не му одговарам на Киванч, дека изгледам повозрасно од него и бев тажна заради тоа. Луѓето беа немилосрдни“ – вели таа и додава дека со текот на годините научила да не размислува премногу за тоа што зборуваат луѓето.
Во 2007-ма година во турските медиуми се појавија фотографии од снимањето на Шри Ланка на Киванч Татлитуг и Сонѓул Оден и набрзо потоа почнаа шпекулациите дека актерката која веќе беше во брак со Џанберк Учуџу има афера со колегата.
Киванч тврдеше дека тој е многу добар пријател со сопругот на актерката и дека фотографиите се пријателски, но набрзо потоа актерката се разведе, а турските медиуми ја пренесуваа изјавата на нејзиниот сопруг кој велеше дека подолго време страда од депресија и панични напади, а дека не ги поднел добро фотографиите од Шри Ланка. Според него Сонѓул со години имала афера со Киванч Татлитуг.
„Таа не доаѓаше со мене на лекар, не беше одговорна сопруга“ – тврдеше нејзиниот прв сопруг.
По првиот брак, Сонѓул беше во долгогодишна афера со турскиот актер Керем Алишик, кој е 19 години повозрасен од неа. Тие биле заедно до 2016-та година, а наводно се разделиле затоа што актерката сакала да стапат во брак и да засноваат семејство.
Во 2019-та актерката повторно се најде во таблоидите откако се шпекулираше дека таа посегнала по сопствениот живот, а откако ја нашле најблиските, веднаш ја пренеле во болница каде успеале да ја спасат. Актерката се огласи по повод овој настан па порача:
„Точно е дека имам големи психолошки проблеми, но никогаш не сум помислила на самоубиство, затоа што сум голем верник. Ќе ги надминам сите потешкотии благодарение на моите обожаватели, пријателите и семејството и безрезервната поддршка што тие ми ја даваат“.