Српски предбрачен договор од жена со 23 луди правила е хит на социјалните мрежи: „Ова е правилник за измачување на мажи“
- Детали
- вторник, 18 октомври 2022
Горан не смее да тежи повеќе од 85 килограми. Горан не смее да се врати дома после 02:00 часот. Горан не смее да поминува повеќе од еден час неделно со другарот Х. Горан не смее да се допишува со други девојки... – ова се некои од правилата во предбрачниот договор што масовно се споделува на социјалните мрежи. Мажи, би потпишале ли ваков договор, за кој многумина се согласуваат дека е измачување?
Веќе е познато дека познатите личности прават предбрачни договори со цел да го заштитат својот имот и богатство, а во последните години ваквите договори се пракса и кај нас, па и на Балканот.
Српските твитерџии масовно споделуваат фотографии од еден ваков предбрачен договор за кој велат дека е вистински и дека наводно бил направен пред една година.
Кога ќе видите што сѐ прифатил извесен Горан пред да стапи во брак со сопругата, ќе ве заболи главата. Објавата предизвика масовна реакција и коментари на Твитер.
Da li bi potpisali ovakav predbračni ugovor?
— janemogu (@janemogy) September 14, 2022
Nažalost nije šala... pic.twitter.com/bVk3XA99Sl
„Горан изгледа нешто многу згрешил“, „Како јас да сум го пишувала договоров“, „Овој договор не е валиден, не пишува која е казната, туку само што не треба да прави“, „Бегај Горане“, „Горане, бегај колку можеш подалеку“, „Ова не е договор туку наредба за измачување“ – велат дел од твитерџиите што го видеа договорот.
Во продолжение проследете ги сите точки од предбрачниот договор и пишете ни во коментар дали вие би потпишале ваков договор:
1. Горан не смее да тежи повеќе од 85 килограми;
2. Горан не смее да се врати дома после 02:00 часот.
3. Горан не смее сопругата да ја нарекува поранешна сопруга, туку само сопруга, без разлика дали живеат заедно.
4. Горан мора да ѝ биде достапен на сопругата 24/7.
5. Горан мора да одговара на секоја СМС порака на сопругата и на секој повик.
6. Горан не смее да биде сам во присуство на пријатели или други девојки.
7. Горан не смее да се гледа со други девојки и да се допишува. Можат само ако нешто е важно за работа.
8. Горан не смее да носи девојки на следната адреса...
9. Горан не смее да поминува повеќе од еден час неделно со другарот Х.
10. Горан ќе ѝ го/ја врати на сопругата ... до јуни 2021 година.
11. Горан ќе престојува со сопругата таму каде што таа ќе живее по договор и ќе доаѓа редовно.
12. Горан ќе оди во црква со сопругата и ќе се заколне дека ќе ја врати дома на адреса ... до јуни 2021 година.
13. Горан за тоа време ќе излегува со сопругата и ќе ја држи за рака во јавност.
14. Горан во јавноста ќе ги користи следните прекари за сопругата: „љубов“, „живот“, „душо“, „среќо“.
15. Горан ќе објавува слики со синот и сопругата секојпат кога таа ќе го побара тоа од него.
16. Горан редовно ќе го дава на увид својот телефон.
17. Горан не смее да има никаква љубовна врска со ниту една девојка.
18. Горан не смее да се лути во присуство на сопругата, ниту да вика (пцуе).
19. Горан не смее да се враќа во работните денови после 22 часот.
20. Горан не смее да спие подолго од 11 часот.
21. Горан не смее да консумира алкохол повеќе од три часа.
22. Горан секој втор ден ќе има интимна врска со сопругата.
23. Горан не смее да има никаков интимен однос со други луѓе.
Б. С. Б. | Црнобело
фото: depositphotos.com