Заедно се 22 години, трча по неа со ќебе кога ѝ студи – Кој е соработникот на Северина, кого Игор Којиќ го обвини за распадот на бракот? (фото)
- Детали
- среда, 28 септември 2022
Тој буквално бдее над Северина, нема приватен живот и целосно ѝ е посветен. Тој ѝ ја отвора вратата од автомобилот и ѝ носи чадор кога врне, знае кога пејачката е уморна, а кога сака да се забавува до зори. Кој е најважниот маж во животот на Северина, кого Игор Којиќ и Милан Поповиќ не можат да го поднесат?
Поранешниот сопруг на хрватската пејачка Северина, Игор Којиќ даде пообемно интервју во кое ја отвори душата и говореше за неговиот однос со поранешната сопруга, за неизмерната љубов што ја чувствува за нејзиниот син Александар, но и за односот со поранешниот свршеник на пејачката Милан Поповиќ, со кого во последно време се најдобри другари, за што честопати добива критики.
https://www.instagram.com/p/Chrl5yDIC0d/?utm_source=ig_web_copy_link
Игор откри повеќе детали за нивниот однос, па во повеќе наврати за сè што ѝ се случило на пејачката во изминатите години ги обвини нејзините најблиски соработници.
Прочитајте и Прво интервју на Игор Којиќ по разводот со Северина: „Еве јавно ги канам Северина и Милан на мојот нареден роденден“
По неговото интервју, многумина го поставија прашањето кој е тој близок соработник на пејачката што е „виновен“ за сите неприлики во нејзиниот живот и што ја наведува да донесе погрешни одлуки?
Според дел од медиумите, најверојатно се работи за долгогодишниот менаџер и пријател на Северина, Томица Петровиќ, за кого таа и јавно рече дека покрај синот Александар (11), тој е најважниот човек во нејзиниот живот.
„Кога ќе загубите човек што не вреди ништо, па ниту разочарување, воопшто не ви е тешко. Кога ќе загубите човек што ве сакал, а вие сте направиле грешка, тогаш е најлошо.
На пример, ако мојот Томица, кој е прекрасен човек, ми каже 'збогум', ќе бидам очајна. Ме разбирате?“ – рече во една прилика хрватската пејачка Северина.
Томица Петровиќ или „човекот во црно“ како што го нарекуваат хрватските медиуми се грижи за кариерата на Северина од 2000-та година. Се разделија во 2019-та година, а откако пејачката и официјално се разведе од Игор Којиќ, Томица повторно е менаџер на пејачката.