YouTube му го исклучи каналот на Бака Прасе - консумирал опојни супстанци во видеата и уште 2 причини
- Детали
- среда, 28 септември 2022
Со години наназад го обвинуваа за промовирање непримерни содржини, насилство, употреба на опојни супстанци, а сега YouTube каналот на Бака Прасе е официјално исклучен. Со годишна заработка од околу 200.000 долари, тој во моментов е под истрага за затајување данок и сторени кривични дела во видеата што ги објавил.
По долгите препирања на социјалните мрежи со првиот човек на телевизијата „Пинк“, Жељко Митровиќ, YouTube каналот на најпознатиот српски јутјубер Богдан Илиќ, попознат како Бака Прасе од денес е официјално исклучен.
Засега нема официјални информации од кои причини каналот бил исклучен, но се знае дека Бака Прасе деновиве беше вплеткан во повеќе скандали.
Тој и Жељко Митровиќ повеќе од еден месец јавно се препукуваа, објавуваа документарни филмови еден за друг и „докази“ за криминални дејствија еден за друг.
Користење опојни супстанци, педофилија, насилство... Ова се само дел од нивните обвиненија на кои балканската јавност беше сведок во изминатиот период.
Прочитајте и Скандал во Србија: Јутјуберот Бака Прасе и сопственикот на телевизија Пинк со сериозни обвинувања еден кон друг
Последно тие двајца се договорија доброволно да одат на полиграфско тестирање за да се докаже кој од нив двајца ја зборува вистината.
Митровиќ јавно го повика Бака Прасе на полиграфско тестирање, што младиот јутубер го прифати и објави фотографија со опис:
„Договорено, јави се и кажи ми во кое време ти одговара во четврток“ – а Жељко ги покани и органите на власта да се вклучат во овој случај.
Како и да е, додека се очекува доброволното полиграфско тестирање, YouTube каналот на Бака Прасе каде тој имаше околу 2 милиони следбеници од утрово (28.09.2022) е исклучен.
Досега имало повеќе петиции од граѓани што барале да се деактивира каналот на јутјуберот со појаснување дека содржините што тој ги објавува лошо влијаат врз општеството, а особено врз децата и адолесцентите.
https://www.instagram.com/p/Chz8r3xrwWI/?utm_source=ig_web_copy_link
Тие станаа уште позасилени по смртта на младата српска јутјуберка Кика Ѓукиќ, откако многумина го обвинија Бака Прасе за нејзината смрт, затоа што тој ја започнал „хајката“ против неа, заради која таа била жртва на сајбер булинг и малтретирање.