Стапија во брак боси на плажа, Новак пееше со Саша, а гостите правеа склекови – вториот ден од свадбата на Ѓорѓе и Сашка Ѓоковиќ (фото)
- Детали
- среда, 14 септември 2022
По црквената церемонија, младенците и гостите со авион заминаа во Црна Гора каде боси на плажа стапија во граѓански брак, а невестата го зема презимето Ѓоковиќ. Гостите ги забавуваа Саша Ковачевиќ и Милица Павловиќ, а запеа и Новак. Како помина вториот ден од целонеделната свадба на Ѓорѓе и Сашка?
На плажа во Црна Гора најмалиот брат на Новак Ѓоковиќ, Ѓорѓе стапи во граѓански брак со водителката и инфлуенсерка Сашка Веселинов, во рамки од вториот ден од свадбата. Се очекува веселбата да трае една недела.
По црквената церемонија во кругот на најблиското семејство, младенците и гостите со авион заминаа во Црна Гора каде продолжува свадбата.
Во рамки на вториот ден од свадбата, Сашка Веселинов и Ѓорѓе боси на плажа стапија во брак, по што продолжи веселбата.
Од објавите на Инстаграм може да се види дека освен што се сместени во луксузно одморалиште, гостите мора да почитуваат код на облекување.
Невестата досега промени четири различни венчаници, а за стапувањето во граѓански брак носеше долга венчаница со детали од тантела и чекореше боса до олтарот.
Инаку, Сашка го презеде презимето на сопругот, а гостите во текот на вчерашниот ден ги забавуваа Саша Ковачевиќ и Милица Павловиќ.
Девојките боси трчаа да го фатат бидермаерот на плажа, а најмногу среќа имаше една од пријателките на Сашка.
Од објавите на социјалните мрежи може да се види дека мажите добро се забавувале на плажа, па така играле во море, мажите правеа склекови на плажа, а забавата заврши со огномет.
Во наредните денови, се очекува секој ден да се одржи нова тематска забава. Првиот ден беше забава во бело, потоа следеше забава во кремасти тонови со тантела за дамите, а мажите беа во ленени пантолони и шешири.
Секако, покрај младенците, во фокусот на вниманието беа и Новак и Јелена Ѓоковиќ, кои беа снимени како лудо се забавуваат заедно со присутните гости, а најдобриот тенисер во светот го зема микрофонот за да ги повика младенците, но и за да запее.
Кликнете на стрелките во видеото за да го слушнете Новак како пее.
Засега само се шпекулира за тоа колку пари се потрошени за свадбата што долго ќе се памети. Според пишувањата во медиумите, младенците само за превоз и сместување на гостите досега потрошиле околу 150.000 евра.
Б. С. Б. | Црнобело