„Не ти треба да се мажиш, да служиш некој“ - Баба од Србија е хит на социјалните мрежи со советите за внуката
- Детали
- среда, 07 септември 2022
„Не треба да служиш никого, никој не ти треба. Не ти треба да се мажиш“ – ѝ порачува оваа бабичка на својата внука. Баба Јулијана со своите совети за бракот стана вистински хит на социјалните мрежи.
Повозрасните луѓе знаат да нè изненадат, но и да нè насмеат добро со своите совети. Баба Јулијана од Србија стана вистински хит на социјалните мрежи со советите за бракот и сексот што ги споделува во видеата.
За популарноста на баба Јулијана е виновна нејзината внука Љубица која редовно ги споделува нејзините видеа со совети на ТикТок.
Без влакна на јазикот, баба Јулијана редовно го споделува своето искуство за бракот, брачниот живот и сексот, па така во едно видео таа ѝ вели на својата внука:
„Баба Јулијана ти вели – да не се предаваш никому, никој не ти треба. Уживај, сама да уживаш. Не треба да служиш никого, никој не ти треба. Кога ќе ти треба најди маж – за час, два, еден ден или колку (ти треба). Нема потреба да се мажиш“.
@baka_julijana_i_unuka KOLIKO VAS SE SLAZE SA BABA JULIJANOM? ??
-->♬ original sound - Ljubica
Нејзината внука појаснува во коментар дека баба ѝ тоа го говори затоа што таа е разведена со едно дете, но голем број од нејзините следбеници дадоа позитивни коментари.
„Браво бабо!“, „Колку и да служиш, тоа никој не го цени“, „Оваа баба е цар“, „Посакувам мене да ми беше баба“ – стои во некои од коментарите.
Дека бабата и внуката се мошне блиски говори и фактот што тие двете заедно беа на море ова лето, па во едно од видеата Љубица се шегува со баба ѝ, па ѝ вели дека дедото во нивна близина би ѝ одговарал, на што Јулијана одговара:
„Не, не е тој за мене. Не ми одговара. Не е мој тип. Јас би сакала нешто помладо. Што ќе ми е овој стар, да не може чаша вода да ми донесе? Што ќе ми е?“
@baka_julijana_i_unuka Nije duda luda ??
♬ original sound - Ljubica
Б. С. Б. | Црнобело