Најмалиот брат на Новак Ѓоковиќ ја запроси девојката на Калемегдан - на едноставен и романтичен начин (видео)
- Детали
- понеделник, 29 август 2022
27-годишниот Ѓорѓе Ѓоковиќ за време на прошетка на Калемегдан го извади прстенот и ја изненади саканата. Неговата избраничка вели дека од првиот миг по запознавањето тие неофицијално живеат заедно...
Фото (лево): Инстаграм Амиџи шоу - април 2022
Најмалиот брат на Новак Ѓоковиќ, Ѓорѓе Ѓоковиќ (27), ја запроси својата девојка Сашка Веселинов на Калемгдан во Белград. Сашка е српска манекенка и водителка.
Тој зад нејзиниот грб го извади прстенот и на сосема едноставен и симпатичен начин со клекнување пред неа ја запроси.
Пред тоа, Ѓорѓе организирал пријатели за да го снимат овој романтичен миг.
Фото: Инстаграм Амиџи шоу - април 2022
Во една пригода Сашка за Ѓорѓе изјави:
„Интересно е тоа што ние од првиот миг неофицијално живееме заедно. Јас живеев во центарот на Белград во изнајмен стан и од првиот ден тој некако дојде кај мене. По 20-тина дена забавување отидовме заедно на море и таму минавме две седмици.
Кога се вративме дојде кај мене и ми кажа дека веќе не можел да ги пренесува работите, затоа што постојано носеше торбици и пренесуваше работи и ми кажа дека сака едно место да ни биде дом и да се враќаме во една куќа, па така уште веднаш започнавме заеднички живот“.
Видео од запросувањето:
@naslovnestrane365 Ženi se Đoković! ??❤️??? Đorđe Đoković, najmlađi brat Novaka Đokovića zaprosio je Sašku Veselinov #djordjokovic #saskaveselinov #djokovic #prosidba #svadba #belgrade #serbia #novakdjokovic #exklusiv ♬ Marry You - Bruno Mars