Српска инфлуенсерка се шета со гол стомак во бременоста, по примерот на Ријана (фото)
- Детали
- недела, 11 септември 2022
Додека во минатото бремените мајки најчесто се фотографираа во облека за трудници, Ријана одлучи да не се откаже од модерната облека и постојано да го открива трудничкиот стомак, а изгледа ја имаме и првата инфлуенсерка на Балканот која тргна по нејзините стапки.
Српската инфлуенсерка Катарина Петровиќ е позната по својот умерен и елегантен моден стил, а во последните неколку месеци ги подели мислењата на следбениците затоа што во бременоста одлучи да го следи примерот на Ријана и наместо во облека за трудници да позира во секојдневни модерни изданија.
Пантолони и сако без маичка, троделен костим се само некои од комбинациите што Катарина ги носи, а во кои нејзиниот труднички стомак е целосно откриен.
Инаку, Катарина е српска новинарка и инфлуенсерка која освен по модните објави, е позната и по видеата со доење што ги објавуваше со првото детенце.
Погледнете дел од нејзините најнови модни комбинации:
Б. С. Б. | Црнобело