Катарина Радивојевиќ, позната како Зоне, нема среќа во љубовта - сакала семејство, но партнерите одбирале други жени

Поседува безвременска убавина, но сепак е сама. Еден партнер ја напуштил поради Северина, а друг поради Николина Пишек, а потоа починал.

golemite-ljubovi-na-katarina-radivojevic-poznata-kako-zone-sakala-semejstvo-no-partnerite-odbirale-drugi-zeni-01.jpg

Српската актерка Катарина Радивојевиќ огромна популарност стекна со улогата на Зона Замфирова во истоимениот филм во режија на Здравко Шотра.

Катарина никогаш не сакала јавно да зборува за својот приватен живот, но некои детали сепак имаат стигнато до пошироката јавност.

Актерката поседува вонвременска убавина, но се чини дека нема многу среќа во љубовта.

golemite-ljubovi-na-katarina-radivojevic-poznata-kako-zone-sakala-semejstvo-no-partnerite-odbirale-drugi-zeni-02_copy.jpg
фото: Фејсбук

Медиумите постојано ја поврзуваат со познати мажи, меѓу другото и со Горан Бреговиќ.

Кога Брега одлучил да сними филм според либретото на неговиот мјузикл „Кармен со среќен крај“, ја поканил тогаш младата и убава Катарина.

Таа требала да ја игра главната улога, а сценариото го вежбала во куќите на Бреговиќ на Јахорина и во Белград. 

Се шпекулирало и дека го освоила Оливер Мандиќ.

Делувало дека станува збор за голема љубов, но се разделиле бидејќи таа тогаш живеела во Загреб, а тој во Милано.

golemite-ljubovi-na-katarina-radivojevic-poznata-kako-zone-sakala-semejstvo-no-partnerite-odbirale-drugi-zeni-03.jpg
 фото: Инстаграм

Нејзината врска со Игор Којиќ имала несреќен крај, а кратко време по разделбата Игор се оженил со хрватската пејачка Северина.

Истото, можеби уште поболно сценарио ѝ го приредил Видоје Ристовиќ.

Познатиот српски историчар го завршил бракот со тогашната негова сопруга за да биде со Катарина.

Но, нивната љубов не успеала поради далечината, односно Катарина престојувала во Русија, каде снимала филм, а Видоје живеел во Србија.

Многу кратко по нивната разделба Видоје се верил со хрватската водителка Николина Пишек.

Видоје почина во 2022 година.

Врската со бизнисменот Вук Мишковиќ, кој по потекло е од Подгорица, а живее и работи во Милано, и самата Катарина ја има потврдено во јавност во 2009.

Причина за крајот и на оваа љубов, била далечината.

golemite-ljubovi-na-katarina-radivojevic-poznata-kako-zone-sakala-semejstvo-no-partnerite-odbirale-drugi-zeni-04.jpgфото: Инстаграм

Пред неколку години Катарина јавно призна дека во 2011 година била во врска со холивудскиот актер Бенисио дел Торо, кој е 13 години постар од неа. 

Се разделиле бидејќи таа сакала да основа нормално семејство, но знаела дека тоа е невозможно поради големата слава на Торо.

„Се работеше за голема љубов од моја страна, но јас секогаш го давам најдоброто од себе во љубовта.

Она за што сè уште сонувам денес е да имам нормално, здраво, добро семејство.

Не сакам однос со компромиси.

Знаев што сакам во тој момент и ја сакав целосна приказна сѐ или ништо. Кога сфатив дека тоа е невозможно, продолжив понатаму“, изјавила Катарина тогаш.

Катарина во моментов е вработена во српската амбасада во Њујорк, а во Белград се враќа службено. 

Сѐ уште ја нема пронајдено вистинската љубов.

golemite-ljubovi-na-katarina-radivojevic-poznata-kako-zone-sakala-semejstvo-no-partnerite-odbirale-drugi-zeni-05.jpgфото: Инстаграм

С. Ш. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Северина емотивна за 13-тиот роденден на синот: „Имам среќа да живеам со прекрасно дете“ „13 години имам голема среќа да живеам со прекрасно дете, сега веќе – момче. Пам...
Северина со крзнени чевли, какви што повеќето жени никогаш не би облекле - чинат 47.000 денари Подобро боси отколку со вакви чевли или сепак и вие сте подготвени за моден експ...
Не сака да гради кариера со скандали, гласини за афера со Милица Павловиќ – Факти за Мирза Селимовиќ Мирза Селимовиќ во моментов е еден од најпознатите музичари на нашите простори, ...
Едниот син таа го пронајде мртов, другиот се предозира во Израел: Трагедиите во семејството на Марин... Во 2008 година, ненадејно почина помладиот син на Марина Туцаковиќ. Во 2021-ва т...
Марија Шерифовиќ објасни зошто не сака второ дете: „Кога синот ќе има 20, јас ќе имам 60 години“ „Јас не се сеќавам на семејни летувања и зимувања. Кога бев мала, мајка ми по 3 ...
Северина со нова моќна песна за синот: „Ја напишав за да ја исфрлам од себе тагата, кога ми го одзед... „Ја напишав по одлуката на Врховниот суд, со која рекоа дека треба да ми ги одзе...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg