Атрактивна српска водителка стана вирален хит и мета на потсмев: „Не е важен Фројд, важно знае што е тројка“ (видео)
- Детали
- понеделник, 08 август 2022
„Не знае кој е Фројд, ама знае што е тројка“ – велат во коментарите дел од луѓето што имаа можност да го погледнат видеото во кое атрактивната српската ТВ водителка Ивана Шопиќ ја прашуваат дали слушнала за Сигмунд Фројд, а нејзиниот одговор вирално се шири.
Видеото од поранешната учесничка на реалното шоу „Задруга“, и ТВ водителка Ивана Шопиќ стана хит на социјалните мрежи, откако атрактивната Србинка во гостувањето во една ТВ емисија успеа да направи лапсуз.
Еден од гледачите беше вклучен во емисијата и ѝ постави прашање на водителката:
- Дали си слушнала за Сигмунд Фројд? – на што таа одговори:
- Сигурна тројка?
- Не, за Сигмунд Фројд – пак ѝ вели гледачот.
- Ахам – одговори таа.
Сите во студиото се насмеаја на лапсузот на Ивана, а видеото почна брзо да се шири на социјалните мрежи.
На својот Инстаграм профил видеото го сподели и водителот Драган Маринковиќ Маца, каде имаше голем број коментари од неговите следбеници:
„Што на баба ѝ е мило на јаве, на сон ѝ доаѓа“, „Ма не е важен Фројд, важно знае што е тројка“, „Слушнала за тројка“, „Жалосно“, „Има пајажини во мозокот“ – се само дел од негативнините коментари што се најдоа под видеото.
Инаку, Ивана Шопиќ беше учесничка во реалното шоу „Задруга“, а сега работи како ТВ водителка.
Таа редовно објавува фотографии на нејзиниот Инстаграм профил каде ја следат 125.000 следбеници.
Погледнете дел од нејзините фотографии:
https://www.instagram.com/p/CcEE7pZoBZo/?utm_source=ig_web_copy_link
Б. С. Б. | Црнобело