Романсата ја започнале во реално шоу пред 12 години, ја запроси на негов концерт – Љубовната приказна на Никола Роквиќ и Бојана Баровиќ
- Детали
- вторник, 09 август 2022
Се запознале и вљубиле за време на учеството во Survivor 2010-та, важат за еден од најубавите и најскладни парови на српската естрада, таа му е ветер во грб, а сега го очекуваат третото дете – љубовната приказна на пејачот Никола Роквиќ и прекрасната манекенка Бојана Баровиќ.
Никола Роквиќ тргна по стапките на неговиот покоен татко Маринко Роквиќ и е актуелен на српската фолк музичка сцена.
Но, освен по својата музичка кариера, тој во јавноста се истакнува и со семејниот живот, со оглед на тоа што со сопругата важат за еден од најскладните парови на естрадата.
Неговата романса со манекенката Бојана Баровиќ започнала во 2010, за време на учеството во ријалити шоуто Survivor, кое тогаш се одржуваше на Филипини.
Бојана Баровиќ, која ја започнала својата манекенска кариера уште на 14 години, живеела на различни дестинации низ светот како Тајланд, Париз, Њујорк, заради својата кариера и образование, а две години била во врска со НБА кошаркарот По Гасол.
Сепак, судбината ја споила со Никола, така што во тој период била слободна и била во можност да го прифати учеството во шоуто.
„Се запознавме во Сингапур, а пред да стигнеме на Филипини мислев дека Бојана е дел од продукцијата на шоуто. Беше дружељубива, а за време на престојот таму сфатив дека е добра личност.
Ја освојував со трпение, поточно трпејќи болка во колено. Додека се возевме во автобус, седеше пред мене, го спушти седиштето и се навали со цела снага. Јас ништо не ѝ кажав. Шегата на страна, природно се зближивме“ – има изјавено Никола за Story на почетокот на нивната врска.
Тешките услови за преживување на пустиот остров ги поврзале и зајакнале нивните односи, па 6 години подоцна, Никола ја запроси на неговиот новогодишен концерт, пеејќи ја „Dođi“ од „Parni Valjak“.
https://www.youtube.com/watch?v=SlKiL_sXWOQ
Се венчаа во тајност во манастир, во кругот на најблиските, а заедно ги имаат децата Леона и Симеон, за кои велат дека растат поинаку од другите деца на познатите, далеку од градските гужви.
Тие често сакаат да одат со децата во природа и на планина, а на Инстаграм објавуваат прекрасни семејни фотки. На последната објава, според пишувањата на српските медиуми, прекрасната Бојана потврди дека е бремена со трето дете, така што во описот на семејната фотографија додаде емотикон од бебе.
Погледнете дел од нивните семејни фотки:
М. М. | Црнобело