Чанта од 6.000 евра, приватен џет: Ќерката на српскиот тајкун Жељко Митровиќ во Германија со дечкото милијардер, по неговиот раскошен роденден
- Детали
- четврток, 30 јуни 2022
„Среќен роденден на личноста која ми значи најмногу на свет. Те сакам“, напиша Кристина по повод роденденот на нејзиниот сакан кој го прославија во еден од најлуксузните локали во Лондон, по што отпатуваа за Германија.
Кристина Митровиќ, ќерката на српскиот тајкун Жељко Митровиќ, неодамна го прослави роденденот на нејзиниот партнер, украинскиот милијардер Илија.
Вечерта ја минаа во луксуз со најскапи вина, пури и официјален дрес код.
„Среќен роденден на личноста која ми значи најмногу на свет. Те сакам“, напиша Кристина по повод роденденот на нејзиниот сакан, кој го прославија во луксузниот локал „Mark's Club“ во Лондон во кругот на најблиските пријатели, за кои нејзиниот партнер вели: „Никогаш не сум изгубил некој што ми бил потребен. Вистинските се уште околу мене.“
Атмосферата на раскошната роденденска прослава:
Потоа парот отпатува со приватен џет во Германија, каде повторно уживаат во луксуз, а Кристина прошета со розова Chanel чанта од околу 6.000 евра, само една во нејзината скапоцена колекција.