Емотивна фотосесија на српска пејачка со баба ѝ пред да почине - ја изгледала како мајка
- Детали
- петок, 17 јуни 2022
„Бабо моја, убавице моја, јас исто така ќе продолжам понатаму, не грижи се, но сè ме боли. Ме боли срцето, имам кнедла во грлото и ме печат солзите додека ги бришам. Но, не грижи се, ќе продолжам кон нови победи...“, пишува Милица Павловиќ во последниот поздрав со баба си, која од 3 месеци за неа била мајчинска фигура.
Српската пејачка Милица Павловиќ пред еден месец ја изгуби баба си, а сега во гостување во „Амиџи шоу“ проговори за овој тежок миг од нејзиниот живот.
Таа откри дека баба ѝ ја изгледала како мајка уште од 3-месечна возраст, а ги сподели и фотографиите од фотосесијата што ја направила со баба си, пред таа да почине.
Моќни и полни љубов, тие ќе бидат еден од најдрагите спомени на Милица.
За болката по смртта на баба ѝ (во средината на мај) таа пишуваше и на својот Инстаграм профил:
„Еве, признавам. Срцето ми се распаѓа и ми крвари. Крвари затоа што сакав да можев да направам уште нешто.
Не е до тебе, не е до мене. Не е до нашата волја. Себична сум, затоа што те сакав за себе, да бидеш секогаш тука, да ти ги бакнувам очите и рацете.
Лесно му е на оној кој не те познавал, но јас ја имав таа привилегија токму ти да ми бидеш наменета во животот. Ти, личноста што ја имаше најчистата душа на оваа планета.
Која е најубавата баба? Мојата Рада! Целиот свој живот им се посвети на другите. Иако си пораснала како слугинка во богата куќа на село, живеејќи за парче леб и кров над главата, тоа од тебе го извлече само најдоброто.
Кој беше најдобра сопруга, мајка и баба? Мојата Рада. Некои погрешно постапија со тебе, селото знае кои, а ти им палеше свеќи за здравје...
Од твоите усни секогаш се слушаше само убав збор за секого, песна и никогаш во животот не слушнав мојата Рада да каже ‘Не можам и не сакам’.
Убавице моја, јас исто така ќе продолжам понатаму, не грижи се, но сè ме боли. Ме боли срцето, имам кнедла во грлото и ме печат солзите додека ги бришам. Но, не грижи се, ќе продолжам кон нови победи, затоа што ти мене ме подигна, воспита и животот свој го посвети на тоа да бидам добар човек и да ги сакам луѓето.
Не ми даде да се налутам никому, ме учеше на секого да му се јавам прва, да го поздравам и на старите луѓе кога се враќам од училише да им помогнам со торбите и да ги однесам до нивната куќа.