2 години биле разделени, но љубовта меѓу нив била посилна од сѐ – Љубовната приказна на Јелена Томашевиќ и Иван Босиљчиќ

„Ние се разделивме но емоциите не згаснаа“ – откри во една прилика пејачката Јелена Томашевиќ кога говореше за периодот во 2009-та година кога се разделиле со Иван Босиљчиќ – Факти за уникатната љубовна приказна на најскладниот српски пар.

2-godini-bea-razdeleni-nego-go-povrzuvaa-so-drugi-zheni-ljubovnata-prikazna-na-jelena-tomashevikj-i-ivan-bosiljchikj-01.jpg

Јелена Томашевиќ (38) и Иван Босиљчиќ (43) важат за еден од најскладните парови на српската естрада, а малкумина се сеќаваат дека нивната приказна имаше мошне турбулентен почеток.

Се запознале кога и двајцата биле на врвот на кариерата, раскинале, а им било потребно време за да одлучат да ѝ дадат втора шанса на љубовта.

Во продолжение погледнете неколку интересни факти за љубовната приказна на славниот пар:

Иван и Јелена почнале да се гледаат во 2008-ма година, а актерот во една прилика откри дека бил вљубен во неа многу долго време пред да ја запознае.

„Додека сум жив ќе го помнам мигот кога овој настап го гледав на телевизија. Пред 11 години. Денес таа е моја сопруга. И јас сум нејзин сопруг. Утро 2005-та година“ – напиша тој на Инстаграм до објавата од видеото во кое Јелена на Беовизија ја пее песната „Јутро“.

Три години подоцна, актерот имаше среќа да ја запознае својата идна сопруга за време на снимањето на песна и спот за една хуманитарна организација. По средбата брзо започнаа љубовна врска, а беа заедно до 2009-та година.

Медиумите подолго време шпекулирале дека тие раскинале, а тоа беше потврдено и откако Јелена не се појави на неговиот концерт во Домот на синдикати во Белград. Тој само ѝ порача на публиката дека Јелена не треба да ја очекуваат.

Неодамна, Јелена даде интервју во кое се осврна на тој период од нејзиниот живот, па откри и повеќе детали.

„Се запознавме кога бевме на врвовите на кариерите и бевме под голем притисок од медиумите. Сега од оваа перспектива сфаќам дека не знаевме како да се носиме со тоа, дека можевме низ сето тоа да поминеме многу поелегантно, но не знаевме како. Ние се разделивме но емоциите не згаснаа“ – рече таа.

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Јелена Карлеуша по разводот: „Имам милион проблеми, но стилот не е на тој список“ „Село гори, баба се чешла, јас имам милион проблеми, но стилот не е на тој списо...
Јелена Карлеуша: „Зад секоја успешна жена стои маж кој ја кочи“ „Мажот може само да ме закочи, да ми го расипе денот. Мене емоциите ме закочуваа...
Важи за најголема „плачка“ во турските серии, гладува за да биде витка - Факти за Бестемсу Оздемир Признава дека гладува за да го одржи извајаното тело, до 17 години била како мом...
Гласини дека беше во врска со Жељко Јоксимовиќ, заради љубов заврши во затвор – Се сеќавате ли на Ро... Во врвот на славата имаше гласини дека е во врска со Жељко Јоксимовиќ, потоа исч...
Не сака да вгради силикони, не држи диети – Како српската пејачка Милица Тодоровиќ „отскокнува“ од с... „Моите пријатели порано постојано ми велеа: ’Ајде ние ќе ти платиме еден силикон...
Јелена ќе ја добие вилата со гардеробер од 250m2, а Душко становите – Детали за разводот на Карлеуша... Во луксузната вила сега живеат само куќните помошнички и кучињата на Јелена Карл...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg