Мислам дека знам зошто Констракта ми оди на нерви
- Детали
- четврток, 12 мај 2022
И не само што отиде некоја што не ги извади градите и задникот, туку на сцената имаше легенче. И не е ни провокативна. Лажам, не е провокативна за нашите полови органи, но е за нашите мозоци. Ах, бре жено, таман се навикнав на живот куќа – дома, со мала прошетка на кучето и на тралалајка песни кои ништо не значат, ти потполно ме исфрли од колосек.
Србинката Селена Рибиќ напиша искрен текст на темата „Мислам дека знам зошто Констракта ми оди на нерви“ за магазинот „Zadovoljna“ и погоди директно во сржта.
Текстот посветен на српската евровизиска претставничка во Торино на Евровизија 2022:
„На почетокот не бев свесна, но сега ми е комплетно јасно зошто Констракта ми оди на нерви.
Од средно училиште одбивам да гледам Евровизија, а и Беовизија (ако така уште се вика српскиот избор за песна на Евровизија).
Мене навистина не ме интересира таков тип на сценографија, која блеска од рефлектори и ласери, ниту настапи каде покрај пеењето изведувачите мора да ги креваат нозете во воздух, да скокаат, прескокнуваат, да ги избегнуваат фрлачите на оган... Не ми се допаѓа затоа што не знам дали е во прашање циркус или натпевар во пеење.
Извинете, но така е.
Не е хејт.
Не сакам да ги забранат, но навистина сметам дека сме опкружени со доволно напумпани усни на Инстаграм, ријалити програми на телевизија и сексуални односи кои можеме да ги гледаме во живо и навистина не ми е потребно да одвојувам уште една вечер за да уживам во феноменалниот задник на Сара Јо (првичниот фаворит за победа на српскиот избор за песна на Евровизија).
Повторно ќе кажам не е ова хејт, но за мој вкус е доволно да чујам песна, за мене ова е премногу гледање. Толку се навикнав на секс, секс, секс насекаде што навистина не ми е потребно повеќе. Но, тоа е тоа.
Но, на Евровизија не отиде Сара Јо (не е лоша девојката, туку не е мој фазон, како што не се и Бијонсе и Џеј Ло), туку отиде таму некоја Констракта... Која беше главен вокал на инди поп бендот Земља Грува! (основан во 2007 година) и која ме потсетува на моментите кога дремев во редица за да си купам евтино пиво на времето.
И не само што отиде некоја што не ги извади градите и задникот, туку на сцената имаше легенче. И не е ни провокативна. Лажам, не е провокативна за нашите полови органи, но е за нашите мозоци.
И тоа така проклето ме нервира.