„На пазар им е скапо, а имаат пари за надувани усти“ - продавачка на тезга во Босна и Херцеговина е вирален хит (видео)
- Детали
- петок, 06 мај 2022
„Најдобри се оние госпоѓите со надувани усни, само викаат ‘ауу, скапо, скапоо’ на пазар, а можат 150-200 евра да дадат за да ги надуваат усните и да ги затегнат веѓите, онакви јапонски“, искрено вели продавачката на тезга на пазар која стана вирален хит.
Една продавачка на тезга на пазар во Бања Лука, во Босна и Херцеговина, во изјава за локална телевизија го покажа својот револт што дојде време кога не се штеди на козметички третмани, и корекциите на лицето станаа тренд, а се штеди на основните намирници кои се продаваат на пазар.
Таа искрено вели дека најмногу ја нервираат госпоѓите со „напумпани“ усни и јапонски веѓи кои дале стотици евра за тоа, а на пазар се жалат дека сè им е скапо.
Во видеото кое стана вирален хит, таа вели:
„Најдобри се оние госпоѓите со надувани усни, само викаат ‘ауу, скапо, скапоо’, а можат 300-400 марки (150-200 евра) да дадат за да ги надуваат усните и да ги затегнат веѓите, онакви јапонски.“
Pa jel tako? 😂😂😂 pic.twitter.com/5wFP5Ft5vk
— Vladimir Šušak (@susak74) May 2, 2022
С. С. | Црнобело