Роко е препознатлив келнер од сплитското крајбрежје, Горан исклучителен бизнисмен – Што знаеме за сините натпреварувачи на Survivor?
Сумеја Шејто (27)
Сумеја е студентка на Правен факултет и карате тренер. Вели дека се одлучила за оваа авантура бидејќи смета дека натпреварот ќе биде вистински тест за тоа колку е силен нејзиниот ум.
На оваа каратистка од Сараево, при пловењето по тропскиот остров, секако ѝ помага спортскиот дух и 18-годишното искуство во боречки вештини, кое го стекнала со напорни тренинзи и бројни натпревари и патувања.
Покрај тоа, Сумеја се опишува себеси како упорна, снаодлива, позитивна и реална личност и смета дека брзината, издржливоста и снаодливоста се главните адути кои би можеле да и донесат успех во шоуто.
„За учествувањето во Survivor знаеја само моите родители. Кога другите дознаа многумина од нив не ми веруваа. Многу сакам авантури и непредвидливи ситуации, но секако мислам дека за сите нас, вклучително и мене, ова е излез од комфорната зона“.
Tомислав Рубињони (32)
Томислав се занимавал со веслање, а својот спортски дух ден-денес го развива преку бројни активности како пливање, трчање, возење велосипед и тренинзи во теретана.
Дипломирал на Катедрата за фитнес тренинг на спортисти во Студискиот центар за обука на тренери, а моментално е косопственик на теретана каде работи и како фитнес тренер.
Иако вели дека не сака да зборува за себе, Томислав би се опишал како едноставна и прилагодлива личност со спортски дух кој сака слободното време да го исполнува со спортски активности.
„Мислам дека за да успееш во едно вакво шоу треба да си комплетна личност, физички и психички подготвена и пред сѐ добар манипулатор“.
Роко Симиќ (29)
Eксплозивниот Роко многумина го препознаа и како келнерот од сплитското крајбрежје каде често го гледале.
Во слободно време сака да чита книги и да тренира кросфит, во помладите денови се занимавал со гимнастика, а денес сака да трча и може да се пофали со успехот на своите трчачки маратони.
Како еден од најинтересни моменти го издвојува следниот:
„Не знам што точно беше последно бидејќи имам многу несекојдневни ситуации, но можеби омилена ми е кога патував со автостоп во 2011 година, и на мои 18 години и практично заминав во Милано со 70 куни во џебот“.
Невена Блануша (28)
Невена доаѓа од Загреб, а моментално работи како тренер и асистент во спортска продажба.
Во раната младост играла фудбал и хокеј на трева, а во слободно време сака да патува, скија, да планинари, како и да учествува во нејзините активности кои ѝ овозможуваат престој и уживање во природата.
Учеството во Survivor е исполнување на нејзиниот сон од детството и верува дека најголем адут на натпреварот ќе ѝ биде способноста за самоконтрола во тешки ситуации.
Ивана Печек (24)
Една од новите натпреварувачи во шоуто е токму Иванa Печек. За себе тврди дека е амбициознo, а во исто време скромно и дарежливо суштество за кое како што вели, многумина сметаат дека е маж е заробен во женско тело.
Имено, Ивана дипломирала на Факултетот за економија и продолжила да посетува специјалистички постдипломски курс по бизнис економија.
Таа пораснала во Ѓурманац во Крапинско-загорската жупанија, а од почетокот на студиите својата адреса ја пренасочила во Загреб.
Вработена е како менаџер за прием во фитнес-центарот, а истовремено работи на развој на сопствен бизнис базиран на подготовка на здрави оброци кои се приспособени на индивидуалните потреби на клиентите.
Мила М. | Црнобело