Милица Дабовиќ: „Секојдневно ме 'убиваше' од тепање и ми крадеше пари - факти за „Црвените“ натпреварувачи на Survivor 2022
Милица Дабовиќ (39)
Милица е поранешен капитен на женската кошаркарска репрезентација на Србија. Медиумите долго време пишуваа за нејзиниот „турбулентен“ љубовен живот која таа со години вешто го криела, а потоа започнала врска со Симон Шиклиќ кој е познат по своето проблематично минато.
„За време на нашата врска секојдневно ме 'убиваше' од тепање и ми крадеше пари, па морав својата облека да ја продавам по социјални мрежи за да избегнам банкрот“.
https://www.instagram.com/p/CZmubfbNROV/
Наџа Ериќ (21)
Наџа е родена во Белград. Обожава пливање, одбојка и фитнес. Таа во моментот студира, но во слободно време работи како дадилка и аниматор за деца.
Младата Наџа обожава животни и во својот дом чува две кучиња и дури седум мачки. Нејзина голема желба е да биде успешен физотерапевт.
Стефан Невистиќ (28)
Роден е во Краљево и висок е 184 сантиметри. Работи во Црвениот крст на Република Србија како асистент. Еден поглед на неговиот Инстаграм профил е доволен за да забележиме колкава е неговата љубов кон животот и спортот.
Поради неговата првична работа, Стефан се одликува со навистина позитивни навики – како што е давањето на крв. Со сигурност можеме да кажеме дека Стефан е еден од фаворитите за победник.
Стеван Стевановиќ (30)
„Survivor е тимска игра, како и рагби – но, на крајот некој мора да биде капитен“.
Стеван е дипломиран економист кој работи како професор, а во слободно време е личен тренер и капитен на рагби репрезентацијата на Република Србија.
Тој е во долгогодишна љубовна врска со Милица Дрмоњиќ.
https://www.instagram.com/p/CYKEj6nsKr0/
Рамиз Зеко Гусинац (52)
Еден од неодамна придојдените натпреварувачи е неверојатниот Рамиз од Нови Пазар, кој од тимот го доби прекарот „Чале“.
Рамиз непрекинато покажува дека годините се само бројка. По професија тој е фризер, но во слободно време интензивно се бави со спорт, што и лесно може да се забележи по неговиот физички изглед.
Јована Томиќ (24)
Јована студира медицина, а во слободно време работи како модел. Нејзиното искуство пред камерите може да се види во серијата „Сложне брача – Next generation“.
Татко ѝ бил посветен војник, така што спортот отсекогаш бил составен дел од нејзиниот живот и покрај фактот што како дете ѝ била дијагностицирана лордоза.
Поради долгата темна коса и специфичниот изглед, Јована во својот тим го доби прекарот Покахонтас.
Мила М. | Црнобело