Се породи една од најубавите Србинки – Софија Мило објави фотка од болница со новороденчето
- Детали
- понеделник, 28 март 2022
Најубавата трудница Софија Милошевиќ се породи и го роди синот Теодор. Фудбалерот на Мадрид, Лука Јовиќ стана татко по третпат, а раѓањето на третиот син го прославил со колегите од српската репрезентација во Данска, каде се наоѓаат во моментов.
Српската манекенка Софија Милошевиќ (32), која важеше за една од најубавите трудници, се породи во неделата во вечерните часови и на свет го донесе вториот син со нејзиниот партнер, познатиот српски фудбалер и напаѓач на Реал Мадрид, Лука Јовиќ.
Партнерот на Софија на својот Инстаграм профил објави фотографија од болницата во Мадрид каде се породи со вториот син Теодор, а според пишувањето во српските медиуми, тој го прославил раѓањето на вториот син во Данска каде во моментов се наоѓа со српската репрезентација.
За потсетување, Софија и Лука се заедно од 2019-та година, а во 2020-тата година го добија синот Алексеј.
Софија се појави бремена на насловната страна на магазинот ELLE Србија, а на својот Инстаграм профил во октомври минатата година ги сподели убавите вести дека ќе стане мајка по вторпат:
„Не можев да дочекам да ги споделам убавите вести со вас!“
Инаку, ова е трет син на Лука Јовиќ кој од врската со Ангела Маниташевиќ го доби синот Давид. Ангела во август минатата година се вери со нејзиното момче Немања Бранковиќ и со него има уште еден син.
Повеќе фотографии во продолжение: