Eдна од најубавите трудници на светот e Србинка (фото)
- Детали
- среда, 09 март 2022
Српската убавица изгледа неверојатно фит во бременоста, дури и во 35-тата недела ја задржала својата манекенска линија. Неверојатно, зарем не?
Атрактивната русокоса е фит и во бременоста... Со право може да се каже дека српската манекенка Софија Милошевиќ е една од најубавите трудници на светот.
Таа го очекува второто дете со нејзиниот партнер, фудбалерот Лука Јовиќ.
Софија беше првата трудница која се нашла на насловната страница од српското издание на модниот магазин Elle.
Парот веќе има еден син, а и полот на второто дете е машки.
На фотографиите на Софија се забележува нејзиниот труднички стомак, но таа ја задржала својата манекенска линија и покрај одминатата бременост.
Тренинзите и подготвеноста на телото пред бременоста во комбинација со добрите гени, очигледно се заслужни за тоа.
Софија е во 35-тата недела од бременоста и наскоро ја очекува приновата.