Бака Прасе со емотивна исповед: „Две работи ме уништија - смртта на Кика и разделбата со Ања“
И конечно, по долго време сум повторно среќен, почнав да го живеам животот со полни гради, тренирам, работам и уживам во животот.
Но, сметам дека Јутјуб е дел од мене, дел од мојата личност. Не би бил тука кај што сум без Јутјуб, а особено не без вас. Ви должам многу и тоа нема да го заборавам.
Одлучив да ви се јавам затоа што видов дека многумина од вас се загрижени и сакам да ви кажам дека не треба да се грижите, дека сè е во ред.
Искрено, ми недостига снимањето, дружењето и зезањето на Јутјуб и полека повторно ми расте желбата за тоа.
Исто така, и мене и на Ања раскинувањето на врската ни падна многу тешко, но таа мораше да продолжи да снима и да биде активна затоа што ЖИВЕЕ ОД ТОА, не затоа што така сакаше.
Се трудеше да биде позитивна и насмеана, а не можам ниту да замислам колку беше тажна и колку ѝ беше тешко.
Иако раскинавме, јас ѝ посакувам сè најдобро и таа знае дека секогаш ќе бидам тука да ѝ помогнам како можам и умеам.
И за крај, ве молам да не ја навредувате и да ѝ пишувате затоа што не го зема само ајфонот и не си отиде туку така.
Не можам да ви ветам дека ќе се вратам, но ме знаете мене. Секојпат кога е тешко, се враќам уште посилен. Што и да се случи и што и да одлучам, знајте дека секогаш ќе останеме НАЈСИЛНАТА ИНСТИТУЦИЈА.
Сите ве сакам и многу ми недостигате.
Ваш Бака.