Анастасија Ражнатовиќ, по 5 години врска и стан од 750.00 евра, се раздели со партнерот: „Му посакувам сè најдобро“

„Медиумите очекуваат кога некој е долго во врска и ќе се раздели дека постои некоја бомбастична причина за тоа, но ние едноставно разговаравме смирено и дојдовме до заклучок да се разделиме...“, вели Анастасија Ражнатовиќ која додава дека децата бараат одрекување и одговорност и ќе го остави тоа за подоцна во животот.

anastasija-razhnatovikj-po-5-godini-vrska-i-stan-od-750-00-evra-se-razdeli-so-partnerot-mu-posakuvam-se-najdobro-01.jpgфото: Инстаграм Анастасија Ражнатовиќ

Aнастасија Ражнатовиќ (23) гостуваше во емисијата Амиџи шоу, каде за првпат проговори за разделбата со бизнисменот Ѓорѓе Кулиќ, со кого 5 години беше во врска, а извесен период дури и живееја заедно во луксузен стан-дуплекс во Белград, според пишувањата во српските медиуми со вредност од 750.000 евра.

По разделбата, Анастасија се врати во домот кај нејзината мајка Цеца.

На тема нивната разделба таа за првпат проговори во Амиџи шоу:

„Никој не знае што носи денот и ноќта. Медиумите очекуваат кога некој е долго во врска и ќе се раздели дека постои некоја бомбастична причина за тоа, но ние едноставно разговаравме смирено и дојдовме до заклучок да се разделиме.

Му посакувам сè најдобро во животот. И сметам дека и мене и него нè чека некоја голема среќа. Останавме во добри односи.“

Таа проговори и за својот внук, односно синчето на нејзиниот брат Вељко Ражнатовиќ (25).

„Како тетка се снаоѓам фино, но можам да кажам дека уште не сум подготвена за деца. Јас го сакам најмногу на светот мојот внук и сакам да минувам време со него, но не сум подготвена за улогата за мајка.

Многу одрекување е тоа, многу одговорност... Мислам дека ќе го оставам тоа за подоцна.“

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

На 86 години, Гркинката Анастасија едреше на даска од Кефалонија до Закинтос (фото) Анастасија од Грција има 86 години, но возраста не ја спречува да се посвети на ...
„Бог да ни ја чува љубовта“ – Анастасија и Немања Гудељ прославија 1 година брак „Нека Бог ни ги заштити нашата љубов и бракот до крајот на нашите животи“ – пора...
Марија Шерифовиќ објасни зошто не сака второ дете: „Кога синот ќе има 20, јас ќе имам 60 години“ „Јас не се сеќавам на семејни летувања и зимувања. Кога бев мала, мајка ми по 3 ...
Сопруга на српски пејач со емотивна исповед: „Се породив во 25-та недела, велеа бебето нема да ми пр... „Моето бебе буквално немаше шанси да преживее, а преживеа. Единственото нешто шт...
Анастасија Ражнатовиќ објави ретко видео со татко ѝ Аркан и бремената Цеца на својот 26-ти роденден Ќерката на Цеца, Анастасија Ражнатовиќ, роденденот си го честиташе со видео кое ...
Некогаш ја поврзуваа со Нејмар и Душко Тошиќ, денес е мајка и живее во луксуз – Каде е и што прави С... Пораснала во дом за деца без родители, стана славна во реално шоу, а потоа ја по...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg