Јелена Карлеуша со искрена фотографија: „Да, знам дека ги гледате моите лузни - една од тумор и две од царски рез“

„Да, знам дека зумирате и ја гледате лузната од мојот царски рез. И тоа не една, туку три (две лузни од породување и една од отстранување на бениген тумор). Не би ми пречело да имам и повеќе. Никогаш не ги кријам лузните...“, гласи дел од емотивната исповед на Јелена Карлеуша.

jelena-karleusha-zimirajte-i-kje-gi-vidite-moite-luzni-edna-od-tumor-i-dve-od-carski-rez-01.jpg

Јелена Карлеуша е позната по провокативните стајлинзи, но и по тоа што јавно и отворено говори на секоја тема.

Сега, во нејзин стил таа повторно се појави во впечатливо издание. Овојпат се одлучи за зелен комбинезон со отсечоци од кој во пределот под стомакот се гледа лузна. Стајлингот ѝ е по повод настап во локал во Австрија.

Карлеуша на нејзиниот Инстаграм профил во описот на фотографијата напиша:

„Да, знам дека зумирате и ја гледате лузната од мојот царски рез. И тоа не една, туку три (две лузни од породување и една од отстранување на бениген тумор). Не би ми пречело да имам и повеќе. Никогаш не ги кријам лузните, горда сум на нив. И лузните на телото и лузните на душата нè прават тоа што сме. Уникатни и едни во милијарда.“

Карлеуша има две ќерки од бракот со фудбалерот Душко Тошиќ, Ника и Атина.

Повеќе понови фотографии од Карлеуша:

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Јелена Карлеуша: „Зад секоја успешна жена стои маж кој ја кочи“ „Мажот може само да ме закочи, да ми го расипе денот. Мене емоциите ме закочуваа...
Јелена Карлеуша по разводот: „Имам милион проблеми, но стилот не е на тој список“ „Село гори, баба се чешла, јас имам милион проблеми, но стилот не е на тој списо...
Јелена Карлеуша со емотивно сеќавање за Тоше: „Никогаш не сум плачела толку многу како дента кога за... „Тоше беше неуморен. И пееше како некоја виша сила да го тера да пее цело време,...
Јелена ќе ја добие вилата со гардеробер од 250m2, а Душко становите – Детали за разводот на Карлеуша... Во луксузната вила сега живеат само куќните помошнички и кучињата на Јелена Карл...
Јелена Карлеуша брутално искрена: „Душко ми рече да се убијам по голите фотки – жигосана сум заради ... „Мојот живот е уништен на 1000 начини. И сопругот Душко тогаш ми велеше дека тре...
По 25 години љубов, се разведува најубавиот српски политичар Чедо Јовановиќ: „Звучи лудо, но и понат... „Имавме 25 години безусловна љубов, нешто што некои луѓе само го сонуваат, а јас...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg