Дамите кои не му одолеаја на шармот на Вук Костиќ - Ивана Петерс од „Негатив“, Ана Михајловски

Една од првите љубови на Вук Костиќ е Бојана Стефановиќ, Ивана Петерс пак, вели дека не ѝ се допаѓало тоа што оди на лов, но не знае зошто раскинале, а помеѓу неговите поранешни девојки е и прекрасната водителка Ана Михајловски.

Damite-koi-ne-mu-odoleaja-na-Vuk-Kostic-01.jpg

Вук Костиќ важи за еден од најголемите заводници во Србија, па не е чудно што го поврзуваа(т) со многу убавици. Обожавателите најмногу ја паметат неговата врска со Јелисавета Орашанин...

Обожавателите најмногу ја паметат неговата врска со Јелисавета Орашанин, но меѓу неговите поранешни љубови се вбројуваат и многу други познати дами – пејачки, манекенки, водителки.

Кои жени не му одолеаја на шармот на Вук Костиќ?

Бојана Стефановиќ

Една од првите љубови на Вук Костиќ е Бојана Стефановиќ, која е негова колешка од актерското студио.

Двајцата се вљубиле за време на пробите и биле заедно во врска четири години. Потоа продолжиле професионално да соработуваат, но и да глумат вљубен пар во многу остварувања.

Ивана Петерс

Изјавата на пејачката Ивана Петерс за Вук Костиќ привлече големо внимание во јавноста. Имено, таа во една прилика целосно ги изненади сите бидејќи откри дека била во врска со Вук.

„Ми се додворуваше и ми се допаѓаше Вук Костиќ. Тоа беше заемно. Одамна бевме извесен период заедно. Тој е одличен актер, пред сè, единственото нешто што не ми се допаѓа е што оди на лов. Поздрав до него. Се случи многу одамна, не се сеќавам зошто раскинавме“, изјавила пејачката на групата „Негатив“.

Ивана Станковиќ

Се шпекулираше дека старата љубов на Вук Костиќ била позната српска манекенка Ивана Станковиќ. Двајцата, наводно, биле лудо вљубени во 2006 година, иако малку детали се познати за оваа врска.

Тогаш Вук пронашол љубов со една девојка која била анонимна за јавноста по име Ана. Двајцата биле заедно околу една година, а наводно и се вериле.

Но, од бракот не излегло ништо, а во животот на Вук се појавила Јелисавета Орашанин.

Јелисавета Орашанин

Вук и Јелисавета биле заедно речиси пет години и важеле за еден од најпопуларните парови на српската јавна сцена.

Нивната врска честопати била турбулентна, а извесен период живееле заедно, но потоа во 2015 година ја раскинале врската.

Јелисавета го запознала кошаркарот Милош Теодосиќ, за кого набргу се омажила.

Александра Поповиќ

Вук, пак од друга страна, започнал врска со Александра Поповиќ со која бил заедно две години.

Се зборувало дека конечно ќе застане на „лудиот камен“ и ќе се смири покрај згодната бринета. Сепак, следувал уште еден љубовен бродолом.

Ана Михајловски

Вук бил лудо вљубен и во водителката Ана Михајловски, што ги изненадило многумина бидејќи парот делувал прилично неспојливо.

На почетокот на врската се криеле од јавноста, а подоцна Вук и Ана прво ја откриле врската на социјалните мрежи. Потоа, заедно се појавиле на премиерата на серијата „Јужен ветер“.

Во меѓувреме, се шпекулирало дека Ана го напуштила актерот, по што таа напишала на Инстаграм: „Кој би можел да го остави? Па, тој е најкул човек на светот! … P.S. Те сакам“.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Бившиот ја изневерил со Едита, денес е среќно мажена со две деца - Што прави Ана Бебиќ од „Операција... Ја поврзуваа речиси со сите учесници во „Операција Триумф“, па потоа 6 години бе...
Не сака да гради кариера со скандали, гласини за афера со Милица Павловиќ – Факти за Мирза Селимовиќ Мирза Селимовиќ во моментов е еден од најпознатите музичари на нашите простори, ...
Марија Шерифовиќ објасни зошто не сака второ дете: „Кога синот ќе има 20, јас ќе имам 60 години“ „Јас не се сеќавам на семејни летувања и зимувања. Кога бев мала, мајка ми по 3 ...
Едниот син таа го пронајде мртов, другиот се предозира во Израел: Трагедиите во семејството на Марин... Во 2008 година, ненадејно почина помладиот син на Марина Туцаковиќ. Во 2021-ва т...
Муки е пилот од Босна и Херцеговина – вози јахти, јава коњи, свршеник ѝ е на Тања Савиќ (фото) Тој ја обожава својата работа и на Инстаграм споделува како е „небото да ти е ка...
„Ми се скрши нокт на склекови“ - Хит видео на Хрват за младите момци на кои им воведоа воен рок „Нѐ натераа сами да си ги местиме креветите, немав време за мојот ритуал за убав...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg