Ќерката на српскиот тајкун Жељко Митровиќ во раскош прослави 22-ри роденден со украинскиот милијардер (фото)

Со дијамантски накит, часовник и специјален цветен аранжман од рози со бројот „22“, украинскиот милијардер ѝ го прослави роденденот на саканата. Парот, познат по раскошниот животен стил, повторно сподели детали на Инстаграм, меѓу кои и средбата со сопственикот на српската телевизија Пинк, односно таткото на Кристина.

kjerkata-na-srpskiot-tajkun-zheljko-mitrovikj-vo-raskosh-proslavi-22-ri-rodenden-so-ukrainskiot-milijarder-i-tato-se-druzheshe-so-zetot-01.jpg

Кристина Митровиќ, ќерката на српскиот бизнисмен и сопственик на телевизија Пинк Жељко Митровиќ, веќе неколку години е во врска со еден од најмладите милијардери на светот, a од 2020 парот е и свршен. Станува збор за Украинецот Илија, за кој се пишува дека е наследник на „кралот на ураниумот“. Живее и работи во Лондон, но често престојува и во Обединетите Арапски Емирати поради бизнисот.

Деновиве таа го прослави својот 22-ри роденден, а по тој повод нејзиниот сакан ја изненади со раскошен цветен аранжман со рози, скапоцен часовник, дијамантски прстен и што уште не. Сето тоа надополнето со балони и торти и овековечено со фотки за на нивните Инстаграм профили, каде постојано споделуваат детали од својот раскошен животен стил.

Неодамна партнерот на Кристина сподели фотографија со неа и нејзиниот татко Жељко Митровиќ и напиша:

„Одличен ден со одлични луѓе, а денот штотуку започна“.

kjerkata-na-srpskiot-tajkun-zheljko-mitrovikj-vo-raskosh-proslavi-22-ri-rodenden-so-ukrainskiot-milijarder-i-tato-se-druzheshe-so-zetot-03.jpg

Очигледно српскиот тајкун има одличен однос со својот зет, а можно е да станува збор и за некаква професионална соработка.

По повод роденденот вљубениот Украинец на својата сакана ѝ порача:

„Среќен роденден моја КРАЛИЦЕ. Те сакам најмногу на светот и ти посакувам да ти се оствари сè што си замислуваш, затоа што навистина го заслужуваш тоа. Ти си мојата втора половина и ме правиш подобра личност секој ден. Те сакам и едвај чекам да ги видиш подароците.“

kjerkata-na-srpskiot-tajkun-zheljko-mitrovikj-vo-raskosh-proslavi-22-ri-rodenden-so-ukrainskiot-milijarder-i-tato-se-druzheshe-so-zetot-02.jpg

Потоа се огласи и таа со благодарност до него што секогаш ѝ ги приредува најубавите изненадувања.

Фотографии од роденденот на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Бившите сопруги го носат неговото презиме, во брак е со 34 години помлада жена – Факти за Жељко Бебе... Си заминал од „Бијело дугме“ затоа што сметал дека приходите не се распоредуваат...
Раскошна роденденска забава за првиот син на Вељко Ражнатовиќ – покрај базен, со тема Paw Patrol (фо... Малиот Жељко го прослави 4-иот роденден во двор покрај базен, со огромен број на...
Милош Биковиќ доби син: „Дури откако ќе станеш родител почнуваш да растеш“ „Ние прво мислиме дека треба да пораснеме за да добиеме дете, но тука има една с...
По две децении соработка Цеца и Жељко Јокисмовиќ снимија дует: Се очекува песната да биде голем лете... „Ние чекаме 20 години ова да се случи“ – откри Жељко Јоксимовиќ во моментот доде...
Заводливо го гледа, го гали по косата – Јелена Ѓоковиќ му го честита роденденот на Ноле со видео на ... „Не бидејќи си наш, но навистина си најдобар“ – му порача Јелена Ѓоковиќ на сопр...
Му наплати 600 евра на Кеба за да го разубави, заработи милиони од цртање веѓи – Кој е Адам Адактар? Сака уште 3 сина, но не сака жена му да ги роди, за да не ѝ се уништи телото. Од...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg