Петар Грашо по вестите за свадба со 14 години помладата девојка: „Не сакам да ме знаат по случувањата во мојата спална соба“
Општо познато е дека Петар и Данијела во минатото додека беа во врска, беа блиски пријатели со семејството Хуљиќ. Петар се радува дека сега и официјално ќе станат семејство.
„Го обожавам тоа семејство, навистина, и тие мошне добро се согласуваат со моето семејство. Живееме како сите нормални луѓе. Се шегуваме, се смееме.
Уживаме заедно да правиме музика и навистина сум среќен што ја имаме таа синергија и што кога работиме заедно правиме големи хитови“ – рече тој.
Од друга страна, во медиумите деновиве се појави и поранешната партнерка на Петар Грашо, Данијела Мартиновиќ, која вели дека раскинувањето не го поднела трагично.
Данијела открива и дека не ја изгубила вербата во љубовта и во постоењето на сродната душа:
„Верувам во сродни души, но никако не верувам дека тоа мора да биде машко-женски однос.
Сретнав голем број такви односи на пример ученик и учител, пријателки, родител и дете, кога тие се сродни по душа, кога исто гледаат на работите, исто размислуваат, кога ја носат истата облека, исто растат. Мојата пријателка Дорис мене ми е сродна душа“ – откри Данијела во емисијата на Народно радио и вели дека неодамна била на море каде го нашла сопствениот душевен мир.
Погледнете повеќе фотографии од Данијела во продолжение:
Б. С. Б. | Црнобело