Турската актерка позната како Шехерезад објави емотивни фотки од тешкото породување: „Плачеше со мене додека трпев болки“

„Со тебе сè е целосно и вистинско. Тоа не е само краткотрајно пријателство. Ти си ми повеќе од сестра“ - со овие зборови турската актерка Бергузар Корел ѝ се заблагодари на својата пријателка која била со неа за време на породувањето и објави нови фотографии.

akterkata-poznata-kako-sheherezad-pokazha-novi-fotki-od-teshkoto-poroduvanje-i-pokazha-koj-bil-so-nea-celo-vreme-01.jpg

Турската актерка Бергузар Корел (39) која е позната по улогата на Шехерезад од турската серија „1001 ноќ“ објави нови експлицитни фотографии од породувањето со нејзината ќерка Лејла и покажа кој бил постојано со неа.

Турските актери Бергузар Корел и Халит Ергенч (51), кај нас познати како Шехерезад и Онур во ноември минатата година станаа родители по третпат и ја добија ќерката Лејла.

Бергузар тогаш објави повеќе фотографии од породувањето, до кои опиша со какви компликации се соочила и дека породувањето траело цели 11 часа.

Сега, два месеци подоцна, актерката сподели нови фотографии, но, целта ѝ е да покаже кој бил со неа цело време и да ѝ се заблагодари на нејзината пријателка, актерката Бејза Шекерџи (34).

„Со тебе сè е целосно и вистинско. Тоа не е само краткотрајно пријателство, со услови и по потреба. Воопшто не е ниту другарство. Ова ми го покажуваш постојано со твоето присуство.

Никогаш, ниту во еден миг не ми ја пушти раката. Ти беше мошне возбудена со мене, не само кога бев тажна, туку и кога бев среќна. Тоа многу ми значи.

Не ме напушти во текот на целата бременост и кога се породував, ми даде сила така што плачеше заедно со мене додека трпев болки. Ти си ми повеќе од сестра“ – ѝ порача, меѓу другото, Бергузар на својата пријателка.

Таа објави уште неколку фотографии од породувањето, на коишто се гледа дека Бејза е постојано со неа.

Погледнете ги фотографиите во продолжение:

akterkata-poznata-kako-sheherezad-pokazha-novi-fotki-od-teshkoto-poroduvanje-i-pokazha-koj-bil-so-nea-celo-vreme-02.jpg

akterkata-poznata-kako-sheherezad-pokazha-novi-fotki-od-teshkoto-poroduvanje-i-pokazha-koj-bil-so-nea-celo-vreme-03.jpg

akterkata-poznata-kako-sheherezad-pokazha-novi-fotki-od-teshkoto-poroduvanje-i-pokazha-koj-bil-so-nea-celo-vreme-04.jpg

Прочитајте и Турската актерка позната како Шехерезад објави потресни фотки: „Се породував 11 часа, имаше компликации“

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Актерката од „Зона Замфирова“ нападната на паркинг – жена ја влечела за коса и ја извадила од автомо... Наводно актерката излегувајќи од паркинг со предниот дел од возилото ја удрила ж...
„Запознав психопати кои пробаа да ме скршат“ - Нина Бадриќ искрена, откако маж ја демнеше 2 години „Ме уценувале, сум доживувала неправди и обиди за застрашување од моќни мажи. Су...
Први фотки од Касандра во Белград - По 27 години се врати на Балканот, потрошиле 30.000 евра за нејз... Голем број новинари и фанови се собраа синоќа на аеродромот во Белград да ја пре...
Марија Шерифовиќ сподели нови фотки од синот Марио – На 9 месеци застанал на нозе, ја носи кошулата ... „Умирам за него, не можам да живеам без него“ – призна мајката на Марија Шерифов...
Први фотки од тајната свадба на Анастасија Ражнатовиќ и Немања – тој во Louis Vuitton панталони, таа... Цеца во прекрасен цветен фустан им посака вечна среќа на младите откако за малку...
Скандалозната помала сестра на Луна Џогани - Нина (20) има дечко со затворска алка на ногата, објави... Нина Џогани, сестрата на Луна, неодамна го прослави 20-иот роденден во прегратка...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg