На 65 години го доби третото дете, порасна во Скопје - Факти за легендарниот Аки Рахимовски

Пред 2 години го доби третото дете, ќерката Антонија од врската со 27-години помладата партнерка, Барбара. Често доаѓаше во Скопје, каде пораснал и каде сè уште живее неговата мајка - факти за легендарниот музичар Аки Рахимовски чие срце престана да чука на 22 јануари. 

na-65-godini-go-dobi-tretoto-dete-porasna-vo-skopje-fakti-za-legendarniot-aki-rakimovski-01.jpgфото: Facebook - Parni valjak 

Балканската јавност остана во неверување, откако во саботата (22.01.2022) во 66-тата година од животот ненадејно почина фронтменот на групата Parni valjak, Аки Рахимовски.

Голем број колеги од Македонија и регионот со свои објави на социјалните мрежи се простија од музичката легенда.

Александар Аки Рахимовски имаше плодна музичка кариера и како фронтмен на групата Parni valjak зад себе остави голем број хитови, а Скопје и Македонија беа местата каде што тој постојано се враќаше и гордо споделуваше спомени за својот живот во нашиот главен град.

Со својата неверојатна харизма и талентот за пеење ја освојуваше балканската публика децении наназад, а неговите стихови се пееја во минатото и ќе се пеат во иднина.

Во продолжение проследете неколку интересни факти што можеби не сте ги знаеле за Аки Рахимовски:

Аки е роден во Ниш на 5-ти мај 1955-та година, но набрзо со семејството се преселиле во Скопје, каде израснал. Неговата мајка сè уште живее во Македонија.

Љубовта кон музиката Аки ја наследил од неговиот татко, кој бил професор по музичко образование, а на седум години почнал да оди во музичко училиште, отсек клавир и пеење.

Неговиот прв менаџер Владимир Михалjек, за хрватските медиуми откри дека за првпат имал прилика да го слушне Аки како пее сосема случајно во бар во Скопје, каде тој пеел и свирел на клавир. По ова менаџерот го поканил да дојде на фестивалот Boom во Љубљана.

На 19-годишна возраст Аки се преселил во Загреб каде настапувал со разни бендови: Vakuum, Krvna braća и Tor. Во 1975-тата година го формирал првиот состав на легендарните Pаrni valjak, а следната, 1976-та година бендот ќе го објави својот прв студиски албум насловен: Dođite na show.

na-65-godini-go-dobi-vtoroto-dete-porasna-vo-skopje-fakti-za-legendarniot-aki-rakimovski-02.jpg

Се знае дека тој бил во брак двапати, а со втората сопруга Ингрид биле заедно повеќе децении. Со првата сопруга Аки го добил синот Кристијан, кој исто така е музичар, а од вториот брак со Ингрид ја добил ќерката Едина. Од синот Кристијан, Аки доби и два внука: Давид и Филип.

Велеше дека сака да го чува приватниот живот подалеку од очите на јавноста, а за него најважно беше семејството. Тој во една прилика за Blic изјави:

„Приватниот живот треба да остане приватен. Мојата сопруга не бараше да се експонира заедно со мене и навистина секојпат кога ќе се појавиме заедно на некој настан, фотографите знаат дека таа не сака да се фотографира и не нè фотографираат.

Честопати се случувало во весниците да излезе слика со мене и со некоја друга жена, а таа да ми каже: ’Од кога јас станав русокоса?‘ Парите не се важни. Најважно е семејството. Кога ќе ги земам своите внуци, сфаќам што е најважно во светот. Не се парите, тоа е семејството“.

Иако многумина го поврзуваат со големиот број љубовни песни на Parni valjak, Аки во минатото рече дека стиховите не се негово дело, туку на Хусеин Хасанефендиќ – Хус, а дека тој само ги пее:

„Тоа е сè масло на Хус, тој ги пишува песните, јас само ги пеам. Морате него да го прашате што мисли кога ги пишува.“

Аки во 2018-тата година имаше послаб мозочен удар, но брзо закрепна, па во изјава за медиумите рече дека се чувствува добро и дека воопшто не било толку страшно како што читал во весниците.

„Важно е дека закрепнувањето оди според планот, дека јас добро се држам и дека сите заедно веруваме дека на крај сè ќе биде во ред“.

Во февруари 2020-тата година на 65-годишна возраст Аки го доби третото дете - ќерката Антонија, од врската со Словенката Барбара Весел која е 27 години помлада од него и за која се знае дека работи како медицински техничар.

Се знае дека во последните години од животот Аки заедно со Барбара престојуваа често во Словенија каде се грижеа за нивната речиси 2-годишна ќерка, а тој често доаѓаше и во Скопје за да ја посети болната мајка.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Се огласи ќерката на Аца од „Амадеус бенд“ кој се откажа од неа: „Тој ги објави голите фотки на мајк... „Едно утро во 4 часот, веројатно пијан, ми испрати порака дека сфатил дека не го...
Татко ѝ ја напуштил на 3 години, се омажила на 19, наскоро ќе стане прабаба: Тешкиот живот на Кока о... Дипломирала два месеца по породувањето, на 45 години останала вдовица и веќе ник...
„Мајка ми безброј пати го напушташе татко ми и секогаш му се враќаше - немаше каде да оди“ „Веднаш некој од фамилијата ќе ѝ се јавеше и ќе ѝ речеше: „Дали си ти луда, каде...
„Ми се скрши нокт на склекови“ - Хит видео на Хрват за младите момци на кои им воведоа воен рок „Нѐ натераа сами да си ги местиме креветите, немав време за мојот ритуал за убав...
На 62 години го запозна мажот на својот живот, го загуби по 15 години - Тажната љубовна приказна на ... „Кога во 2009 Славко се вратил во Белград од САД, наши пријатели решиле да нè сп...
Мајка ѝ не сакала да ѝ помогне, Цеца ѝ го плати лекувањето – Тажната приказна на Исидора Бјелица „Како да не ве боли кога мајка ви оди на одмор додека сте на хемотерапија, или а...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg