Бојан Маровиќ во посета на Крушево: „Бев во градот на мојот другар Тоше Проески“
- Детали
- петок, 21 јануари 2022
Тоше Проески остави силен печат на многу луѓе од регионот, нашиот ангел не може да биде заборавен... Црногорскиот пејач Бојан Маровиќ сподели дека го посетил градот на својот покоен другар и објави видео од спомен куќата на Тоше.
Црногорскиот пејач Бојан Маровиќ не го заборава својот пријател Тоше Проески.
Неодамна, за време на посетата на Македонија, тој одлучи да го посети и Крушево, родниот град на нашиот ангел.
На својот Фејсбук профил Бојан објави видео од Крушево, на кое се гледа дека ја посетил и спомен куќата на Тоше.
Во описот на видеото Бојан напиша:
„Крушево... Искористивме слободен ден помеѓу две свирки за да се одмориме малку и да посетиме сакани луѓе во градот на мојот покоен другар Тоше, град кој ја дише неговата музика и неговото дело.
Среќен сум, музиката ме одведе меѓу добри луѓе и затоа морам да работам уште повеќе. Уживајте во овие зимски мигови.“
Kruševo 🤗 Iskoristili smo malo da se odmorimo, iskoristimo slobodan dan izmedju svirki, i posjetimo drage ljude, grad moj pok druga Tošeta, grad koji diše njegovu muziku, i njegovo djelo. Srecan sam, muzika me odvela medju dobre ljude,zato moram raditi još vise. Uživajte u ovim zimskim momentima ❤️
-->Posted by Bojan Marovic on Thursday, January 20, 2022
С. С. | Црнобело