Го нарекуваат „милионер под маска“ – Факти за српскиот рапер Девито, кој го крие лицето од јавноста
- Детали
- четврток, 20 јануари 2022
Го нарекуваат „милионер под маска“, во 2020-та година сними песна со Релја Поповиќ, а самиот коментира дека гласините за неговото богатство се лажни. Кој е Девито, српскиот рапер кој настапува со маска и ги прави најскапите спотови во регионот?
Ретко кој знае како тој навистина изгледа, а речиси од самиот почеток на кариерата публиката нетрпеливо очекуваше да го открие неговиот идентитет, додека не го покажа во видео во живо на Инстаграм, но не го повторува тој потег.
Девито е српски музичар кој го украде вниманието на јавноста затоа што секогаш настапува со фантомка, го крие сопствениот идентитет, а приватниот живот го чува подалеку од очите на јавноста.
Ваквиот негов потег од една страна се покажа како одличен маркетинг трик, затоа што публиката станува љубопитна за тоа кој е човекот што се крие под маската, а од друга му дозволува и понатаму да ја зачува приватноста.
Пред извесно време на социјалните мрежи и во српските медиуми се појави видеоснимка на која се гледа како при еден настап во клуб еден од посетителите го повлече српскиот рапер и се обиде да му ја извади фантомката, но тој брзо се сврте со грбот кон публиката и веднаш го покри лицето.
Погледнете го видеото:
@gabrielaaa2711 Devitu skinuli masku tokom nastupa?#gaudeamus #posusje #devito #devitoanonymo #idj #discoclub ♬ original sound - Gabriela2711
За неговата музика често се коментира дека е полна со вулгарности и дека е несоодветна за младата публика што најчесто и го слуша, но тој самиот вели дека „и во негово време имало приказни дека децата стануваат сè полоши“.
„Сепак сите пораснавме, завршивме училишта, факултети, почнавме да работиме и останавме нормални.
Така што тоа нема никаква врска. Тоа е примитивна приказна затоа што денес децата се понапредни од кога било и така треба да биде“ – вели тој.
https://www.instagram.com/p/CXBU_QSsnXO/?utm_source=ig_web_copy_link
Досега во повеќе наврати се шпекулирало за тоа кој е вистинскиот идентитет на музичарот, но сепак се претпоставува дека зад фантомката се крие Давид Љубеновиќ (24) од Крагуевац.
Во продолжение погледнете неколку интересни факти за него:
Девито е роден во 1995-тата година во Крагуевац, каде и пораснал. Тој во една прилика објави фотографија од себеси без фантомка, од детството.
https://www.instagram.com/p/CDq5w3EJDp2/?utm_source=ig_web_copy_link
Пред да почне да режира и да снима видеоспотови, Девито се занимавал со фотографија. Прво почнал да снима роденденски и други прослави, а потоа отворил и свое студио за снимање свадби, Wedding solution.
https://www.instagram.com/p/CL1-He7rWTU/?utm_source=ig_web_copy_link
Локалните музичари во Крагуевац го препознале неговиот талент и побарале од него да им снима видеоспотови, по што тој се преселил во Белград и ја отворил продуцентската куќа Da video која соработува со голем број звучни имиња на српската естрада.
https://www.instagram.com/p/CWdO3NEsNIW/?utm_source=ig_web_copy_link
Својата музичка кариера Девито ја започнал дури во 2018-та година, а во 2020-та година заедно со Релја Поповиќ ја објавиле песната Offline.
Се смета дека со тоа што настапува со фантомка и го крие сопствениот идентитет, направил добар маркетинг трик затоа што често во медиумите се шпекулира за тоа кој е музичарот и како успеал да ги сними најскапите спотови во регионот.
https://www.instagram.com/p/CXeO_uXLPcE/?utm_source=ig_web_copy_link
Поради имиџот што го изгради медиумите го нарекуваат „милионер со маска“. Поради песната „Флекс“ многумина сметаат дека заработува милиони, а тој на YouTube реагираше со коментар во кој напиша: „Во спотот сè е лажно, исто како мене“.
https://www.instagram.com/p/CK4J7dfDRpf/?utm_source=ig_web_copy_link
Б. С. Б. | Црнобело