Животот на една од најбогатите Србинки - 22 години постар сопруг милионер, венчавка на Бахами (фото)

На 25 години го запознала 47-годишниот милионер во САД... Од втора придружничка на „Мис Југославија“ и членка на групата „Моделс“ до една од најбогатите Србинки, која живее во Њујорк со сопругот, бизнисмен во ИТ сферата, и нивните близнаци.

zhivotot-na-edna-od-najbogatite-srbinki-22-godini-postar-soprug-milioner-venchavka-na-bahami-foto-01.jpg

Ивана Берендика е српска пејачка и модел, која е најпозната како некогашна членка на женската група „Моделс“. Родена е во 1978 година во Белград, а во 1995 година ја добила титулата втора придружничка на изборот „Мис Југославија.“

Во групата „Моделс“ членувала кратко и ја напуштила во 1999-та година. Потоа, се преселила во САД, а во Њујорк запишала студии од областа на архитектурата и дизајнот.

На Ивана ѝ се случила бајка и на емотивен план кога го запознала Томас Јермолук, светски успешен бизнисмен во ИТ сферата, со кого стапи во брак во 2005 година и живеат во Њујорк.

zhivotot-na-edna-od-najbogatite-srbinki-22-godini-postar-soprug-milioner-venchavka-na-bahami-foto-05.jpg

Томас е роден во 1956-та година во САД. Во текот на годините бил на чело на низа компании во Силициумска Долина. Милионерот е основач и извршен директор и на компанијата Beyond Identity, Inc.

zhivotot-na-edna-od-najbogatite-srbinki-22-godini-postar-soprug-milioner-venchavka-na-bahami-foto-02.jpg

„Не бев од оние девојки кои сонуваат за принц на бел коњ. Отсекогаш бев порационална од другите, па ми се случи да го добијам она за кое не сум ни размислувала.

Томас во сè е на некој начин надмоќен над мене, што на балканскиот менталитет одговара. Го запознав кога имав 25 години, но тогаш имав минато многу повеќе од моите врснички. Тој беше токму тоа што ми беше потребно во тој миг.

Токму неговите години, знаење, мудрост и харизма направија вистински да се вљубам“, изјави во една пригода Ивана за српските медиуми за својот две децении постар сопруг.

Венчавката на Ивана и Томас била на Бахами, во локалот „Ocean club“ каде многу светски ѕвезди го кажуваат судбоносното „да“.

На венчавката Ивана изгледала бајковито, а оттогаш, па до денес, таа ја живее својата бајка.

https://www.facebook.com/ekskluzivofficial/photos/a.261663304279022/270562593389093/?type=3

Парот доби близнаци во 2016-та, девојче и момче, а од 2013-та година Ивана има започнато свој бизнис, односно дизајнира накит, а нејзини парчиња носат и светските ѕвезди од типот на Кајли Џенер, Меган Маркл и Ники Минаж. Нејзин бренд е Arme De L'Amour.

zhivotot-na-edna-od-najbogatite-srbinki-22-godini-postar-soprug-milioner-venchavka-na-bahami-foto-06.jpg

Ивана сега ја носи титулата една од најбогатите Србинки, а покрај накит, почна да дизајнира и уникатни украси за дома:

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

На 62 години го запозна мажот на својот живот, го загуби по 15 години - Тажната љубовна приказна на ... „Кога во 2009 Славко се вратил во Белград од САД, наши пријатели решиле да нè сп...
Животот на Вељко Ражнaтовиќ и Богдана - имаат 3 сина, гламурот на Белград го заменија со живот на се... „Пресвртен момент за мене да се преселам на село беше моментот кога сфатив дека ...
Алекса Перовиќ чека трето дете - Се разведе пред 2 години, не го открива идентитетот на новата љубов Скоро две години по разводот, на Божиќ, победникот на „Ѕвездите на Гранд“ откри ...
„Сакав да видам како се одело порано на море“ – Пар од Србија со Фиќо старо 46 години патувал до Ант... Со чести паузи, без клима и со максимална брзина од 80 km на час, српски брачен ...
Србинка (77) има 35 години помлад сопруг: „Привилегија е да имате млад маж - патуваме со кампер, тој... Сопругот (41) разголен ѝ приготвува риба во кампер, таа изгледа неверојатно и на...
Хит дедото од Хрватска: „Мажот треба да е 10 години помлад од жената, а не обратно“ „Разликата во години не е добра, а ако има, тогаш мажот треба да биде дури и 10 ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg