Била свршена со негов другар, 13 години е помлада од него - Љубовта на турскиот актер од „Езел“
- Детали
- сабота, 04 декември 2021
Тринаесет години помладата сопруга на Кенан Имирзалиолу била свршена за фудбалерот Арда Туран, кој бил негов добар пријател. Се гледале во тајност, а врската им била разоткриена при полициска проверка. Љубовната приказна на турскиот актер познат по улогата Езел во хит-серијата.
Турскиот актер Кенан Имирзалиолу (47) кај нашата публика е познат по улогата на Езел во истоимената серија, а важи за еден од најголемите заводници помеѓу турските актери. Но, на жалост на женската публика, тој е зафатен и мошне вљубен во својата сопруга.
Кенан е во среќен брак со турската актерка Синем Кобал (34), а деновиве во турските медиуми кружи веста дека тие ќе станат родители по вторпат.
Во продолжение неколку интересни детали за нивната љубовна приказна:
Синем Кобал од 2009-та година беше во врска, па во еден период беше и свршена со фудбалерот на Ф.К. Галатасарај, Арда Туран. Синем се пресели заедно со него во Мадрид, откако тој потпиша договор со Ф.К. Атлетико Мадрид.
Врската на Синем и Арда беше често тема во медиумите, но во 2013-та година двајцата конечно одлучија да се разделат. Наводно, Синем сакала да стапи во брак, а тој сè уште не можел да се откаже од ергенскиот живот.
Во 2015-та година почнаа да се шират гласини дека убавата турска актерка е во врска со 13-години повозрасниот колега Кенан Имирзалиолу. Интересно е што нивната прва заедничка фотографија им беше направена кога биле застанати од полиција при рутинска контрола во 4 и 30 наутро.
Според пишувањата во турските медиуми, новото момче на Синан, Канан и бившиот Арда биле мошне добри пријатели. Фудбалерот бил мошне гневен кога дознал дека неговиот пријател е во тајна врска со неговата бивша девојка.
За разлика од Арда, Кенан не чекал долго за да стапи во брак со Синем, па тие двајцата се венчале во приватна церемонија на островот Кунда.
Кенан, кој е познат по тоа што својот приватен живот го чува подалеку од очите на јавноста во едно интервју проговори за својата сопруга:
„Нешто им се случи на моето срце, душа, тело … Верував дека ја најдов мојата сродна душа. Откако се оженив се почувствував исполнет. Како конечно да го најдов тоа што ми недостасуваше и сега сум комплетен“.
Во 2020-та година Кенан и Синем станаа родители за првпат и ја добија ќерката Лалин. За време на карантинот додека Синем беше бремена, парот престојувал во хотелска соба во Мaрмарис цели 45 дена.
Сега, една година подоцна, парот е пресреќен затоа што веќе го очекуваат своето второ дете. Засега не се знае полот на бебето, но турските медиуми пишуваат дека Синем е во третиот месец од бременоста.
Б. С. Б. | Црнобело