Една од најубавите Србинки доби изненадување од сопругот фудбалер - соба преполна рози (фото)
- Детали
- среда, 03 ноември 2021
Софи Мило го очекува второто дете, а нејзиниот сопруг, српскиот фудбалер Лука Јовиќ ја нарекува „Најубавата трудница“. Во Мадрид тој ѝ приреди романтично изненадување...
Српската инфлуенсерка и модел Софија Милошевиќ, позната како Софи Мило, со сопругот фудбалерот Лука Јовиќ периодов живее во Мадрид, Шпанија.
Тие живеат низ разни земји во светот во зависност од работните обврски на Лука, односно од тоа за кој клуб игра.
Но, српскиот фудбалер не пропушта пригода на Софи да ѝ покаже дека ја цени што го следи низ целиот свет и што е неговата најголема поддршка, па така и деновиве ја изненади со навистина романтичен потег.
Тој за неа наполни соба со стотици рози.
Софи сподели фотографии од розите и нивното 1-годишно синче во кадар и во описот напиша: „Кога тато ќе ја изненади мама“.
Софи и Лука важат за еден од најубавите српски парови, а неодамна таа објави дека повторно е бремена и го очекуваат нивното второ дете.
Софи објави фотографија во долг фустан каде се држи за трудничкото стомаче, а нејзиниот романтичен сопруг ѝ напиша коментар: „Најубавата трудница“.