Бившиот на Северина повторно напаѓа: „Плачеше за мене, па лажно ѝ изјавив љубов за да ми го даде синот“

„Северина е моето злато, сонце, мојата душа, среќа, тага, мојата последна и прва љубов“ – рече во 2012-та Милан Поповиќ, а сега тврди дека ова го изјавил за таа да му дозволи да го гледа синот.

bivshiot-na-severina-prodolzhuva-so-shokantnite-izjavi-na-koncertite-placheshe-za-mene-po-ova-sakav-da-se-smirime-01.jpg

Милан Поповиќ (55) новото интервју го започна со изјава во која тврди дека хрватската пејачка Северина Вучковиќ (49) му испратила судска тужба за семејно насилство, по изјавите од минатата недела во кои тој изнесе повеќе шокантни информации за хрватската пејачка.

Србинот што е познат како „крал на бакарот“ вели дека Северина оваа пријава му ја упатила затоа што тој изјавил дека нивната врска траела кратко, односно само три месеци.

bivshiot-na-severina-prodolzhuva-so-shokantnite-izjavi-na-koncertite-placheshe-za-mene-po-ova-sakav-da-se-smirime-02.jpg

Милан вели дека има намера да ги разоткрие сите невистини што таа ги искажа во отвореното интервју во кое тврдеше дека тој на нелегален начин се стекнал со старателство над синот, а очигледно има многу да каже за нивната приказна, затоа што повторно беше гостин во емисијата на Миломир Мариќ и говореше за неговата врска и борбата за старателство.

Тој се обиде да даде објаснување на поголемиот број обвинувања што Северина Вучковиќ ги изнесе во јавноста, дека Милан ја подмитил директорката на училиштето и дека ѝ наредувал кој смее, а кој не смее да го зема Александар до училиштето.

„Јас никого не сум подмитил, тоа што дадов донација за училиштето не значи дека ѝ дадов донација на директорката.

Јас го уредив спортскиот терен, што го користат сите деца, но уредив и голем број други терени во Вршац и во Белград, зошто да не го уредам и во училиштето каде што учи мојот син?

Тоа ми беше единствената мисла кога одлучив да донирам за терените. Понатаму, практично и Северина донираше, затоа што делот од парите за терените ги дадов и од нејзините пари што ми ги даваше за пасошот.

Логиката на Северина е дека тоа што сум донирал пари за терените, значи и дека сум го потплатил градот“ – вели Милан.

Прочитајте и Северина со трогателна исповед за таткото на нејзиниот син: „Не жали што го напуштив, туку што ме загуби како трофеј“

Инаку, Поповиќ нема намера да се откаже од борбата за старателство над Александар и тврди дека смета дека на неговиот син му е подобро да живее само со него.

За тоа дали воопшто имал намера да се смири со Северина во минатото прочитајте на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Северина емотивна за 13-тиот роденден на синот: „Имам среќа да живеам со прекрасно дете“ „13 години имам голема среќа да живеам со прекрасно дете, сега веќе – момче. Пам...
Северина со крзнени чевли, какви што повеќето жени никогаш не би облекле - чинат 47.000 денари Подобро боси отколку со вакви чевли или сепак и вие сте подготвени за моден експ...
Не сака да гради кариера со скандали, гласини за афера со Милица Павловиќ – Факти за Мирза Селимовиќ Мирза Селимовиќ во моментов е еден од најпознатите музичари на нашите простори, ...
Гласини дека беше во врска со Жељко Јоксимовиќ, заради љубов заврши во затвор – Се сеќавате ли на Ро... Во врвот на славата имаше гласини дека е во врска со Жељко Јоксимовиќ, потоа исч...
Марија Шерифовиќ објасни зошто не сака второ дете: „Кога синот ќе има 20, јас ќе имам 60 години“ „Јас не се сеќавам на семејни летувања и зимувања. Кога бев мала, мајка ми по 3 ...
Србинка си дојде на „мекиците“ за своето новороденче и стана мета на критики (видео) На само 5 дена по породувањето, сопругата на српскиот голман Предраг Рајковиќ се...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg