Откриен споменикот на Тоше Проески во Хрватска во близина на местото каде што трагично го загуби животот
- Детали
- сабота, 23 октомври 2021
Денес, 23 октомври, беше откриен споменикот на Тоше Проески во Хрватска поставен во Нова Градишка, во близина на несреќата во којашто го загуби животот.
фото: Фејсбук
Скулптурата од Тоше е дело на Славко Буниќ, а на настанот присуствуваше и градоначалникот на Крушево, Томе Христоски.
„Она што нè поврзува со Нова Градишка е трагедијата на пејачот и наш сограѓанин Тоше Проески. Но, заедно сите сме негови фанови и сега, и пред неговата смрт.
Да се потрудиме да го продолжиме неговото дело, а тоа се добри дела, љубов и толеранција. Тоше вечно ќе живее во нашите спомени. Слава му!“ – изјави Христоски пред да замине за Хрватска, пренесува веб-сајтот на Општина Крушево.
Покрај фотографиите од хрватските медиуми, и на Фејсбук профилот посветен на Тоше Проески беше споделена фотографија од скулптурата.
„Хрватска одлучи да посвети споменик за нашиот Тоше кај Нова Градишка во близина на несреќата. Фала Хрватска“, пишува во описот.
🇭🇷 Хрватска одлучи да посвети споменик за нашиот Тоше кај Нова Градишка во близина на несреќата. Фала Хрватска 🇭🇷🇲🇰❤️❤️❤️
Posted by Tose Proeski on Saturday, October 23, 2021
Тоше Проески загина во сообраќајна несреќа на 16 октомври 2007 година на 26-годишна возраст. Во автомобилот со Тоше беа неговата менаџерка Лилјана Петровиќ и возачот Ѓорѓе Георгиевски кои поминаа со повреди и не беа во животна опасност.
Спирова С. | Црнобело / Фото: Vecernji list