„Мислев дека е само настинка, но на крај ми ги ампутираа нозете“: Анита од Загреб е вистински борец

„Мислев дека станува збор за најобичен вирус, бидејќи и претходно сум се разболувала. Сепак, беше нешто многу посериозно од тоа. Кога се разбудив од кома ми беше многу тешко. Моите родители ми ја објаснија целата ситуација, дека ќе биде неопходна ампутација“, раскажува Анита од Загреб на која ѝ биле ампутирани двете нозе поради менингококна сепса.

anita-mislela-deka-ima-obichen-virus-no-na-krajot-ostanala-bez-dvete-noze-lekarite-edvaj-i-go-spasile-zivotot-01.jpg

Анита Маркуш (22) од Загреб, Хрватска и покрај тоа што останала без двете нозе поради труење на крвта, го задржала ведриот дух и позитивната енергија. 

Не дозволила ништо да влијае врз нејзината волја за живот.

Во интервју за хрватска телевизија, Анита ја раскажа својата приказна и објасни дека ампутацијата на двете нозе е последица на тешка менингококна сепса.

anita-mislela-deka-ima-obichen-virus-no-na-krajot-ostanala-bez-dvete-noze-lekarite-edvaj-i-go-spasile-zivotot-03.jpg

Анита не знае како се заразила со таа бактерија, но храбро ја издржала борбата да се ослободи од неа.

Нагло кренала температура над 40 степени и имала силна треска. Во еден момент почувствувала силна топлина, како да мора да се истушира со студена вода, но кога се обидела да дојде до бањата воопшто не ги чувствувала нозете.

Со брза помош била однесена во болница, каде веднаш била ставена во индуцирана кома, затоа што чувствувала силни болки.

anita-mislela-deka-ima-obichen-virus-no-na-krajot-ostanala-bez-dvete-noze-lekarite-edvaj-i-go-spasile-zivotot-006.jpg

Реанимирана била 3 пати, а од кома била разбудена после еден месец.

„Мислев дека станува збор за најобичен вирус, бидејќи и претходно сум се разболувала. Сепак, беше нешто многу посериозно од тоа. Кога се разбудив од кома ми беше многу тешко.

Моите родители ми ја објаснија целата ситуација, дека ќе биде неопходна ампутација, дека лекарите се бореле и ми го спасиле животот и дека можело да биде многу полошо отколку што било“, раскажува Анита.

anita-mislela-deka-ima-obichen-virus-no-na-krajot-ostanala-bez-dvete-noze-lekarite-edvaj-i-go-spasile-zivotot-007.jpg

Нова протеза со микропроцесорски електронски колена, добила благодарение на помошта на добрите луѓе и хуманитарната акција што ја организирале. 

Цената на оваа протеза е околу 60.000 евра.

Денес, на Анита не ѝ требаат патерици или други помагала, а таа вели дека оваа протеза ѝ го олеснила животот.

anita-mislela-deka-ima-obichen-virus-no-na-krajot-ostanala-bez-dvete-noze-lekarite-edvaj-i-go-spasile-zivotot-06.jpg

Анита студира социјална работа на Правниот факултет во Загреб и сака да им помогне на луѓето кои се нашле во иста или слична ситуација во животот.

„Ми се случи тоа што ми се случи и мислам дека сум добар пример за луѓето дека и покрај сѐ, можеш да продолжиш понатаму.

Треба да продолжиме со животот, треба да бидеме оптимисти и да прифатиме сѐ што ни се случува и да се бориме“,  вели таа.

anita-mislela-deka-ima-obichen-virus-no-na-krajot-ostanala-bez-dvete-noze-lekarite-edvaj-i-go-spasile-zivotot-02.jpg

Што е менингококна сепса?

Менингококната сепса е сериозна состојба која често има многу неповолен исход. 

Раната дијагноза и брзото започнување со лекување придонесуваат за подобар исход. 

Предизвикувачот на менингококната сепса е бактерија со официјално име Neiserria meningitidis,  попозната под името meningococcus

Инфекцијата се пренесува преку капки што заразеното лице ги исфрла во околината при кашлање и кивање, иако поретко може да биде и преку директен контакт.

Сепса значи навлегување на микроорганизми во крвта и воспалителна реакција на нашето тело на бактериите во крвта. 

Раните симптоми на менингококната сепса се: ненадеен почеток на болеста, покачена температура, раздразливост, главоболка, повраќање, а посебно внимание треба да се посвети на промените на кожата, т.н. петехии. 

Петехиите се точкести крвавења на кожата предизвикани како резултат на васкулитис (воспаление на крвните садови) на кожата.

С. Ш. | Црнобело / фото: Фејсбук

Би можело да ве интересира:

Татко му се самоубил – Тажната приказна за актерот кој го толкува Орхан во серијата „Грешници“ Вели дека најголемата грешка му била што не ја прифатил улогата на Полат Алемдер...
Ја посетувал кога Душко не бил дома, 11 години е помлад од неа – Сите детали за аферата што ѝ го уни... Јелена и Огњен две години имале афера која била „јавна тајна“, за која знаеле си...
Се преполови поради болеста, сакал да биде фудбалер: Животот на еден од најбогатите луѓе на Балканот... Кога пред неколку месеци Саша Поповиќ дозна дека има сериозен здравствен проблем...
Пар од шоуто „Задруга“ на раб на егзистенција: Двајцата се тешко болни, имаат 6 деца Раде и Рада Васиќ се брачен пар од Србија кој се прослави со контроверзното ре...
Важи за најголема „плачка“ во турските серии, гладува за да биде витка - Факти за Бестемсу Оздемир Признава дека гладува за да го одржи извајаното тело, до 17 години била како мом...
Татко ѝ се самоубил, доби дете со хрватски актер – Факти за актерката Јована Стојилковиќ Сите ѝ велеле да го следи славниот дечко кој станал кошаркар во НБА и да си зами...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg