Андрија Милошевиќ на 43 години првпат ќе стане татко, 9 години е во врска и не планира брак – љубовта на актерот низ фотки

Сепак, кога станува збор за децата, Андрија во една друга прилика изјави дека е апсолутно подготвен да биде татко:

„Апсолутно сум подготвен да бидам татко и не се плашам од тоа. Го сакам тоа и ќе се случи. Животот нè води на различни страни и патиштата, а потоа едноставно доаѓате до еден момент кога помислувате на тоа.

Всушност морате да го живеете животот вистински без калкулации. Тоа е поентата на приказната. Не можете да калкулирате ништо, а особено не децата. Сè мора да потекнува од љубовта“ – рече тој.

Во истата прилика тој изјави дека знае каков татко ќе биде:

„Немам правила за воспитување на децата. Знам каков татко ќе бидам - јас ќе се растопам како топла чоколада кон детето“ - рече тогаш тој.

На прашањето дали ќе мора да се менува кога ќе стане татко или ќе си остане таков каков што е тој рече:

„Не дај Боже да се променам. На моето дете не му требам како некој друг, туку таков каков што сум“.

Андрија и Александра често објавуваат фотографии и видеа со нивните досетки на Инстаграм. Најчесто Андрија кажува вицеви, а во заднината ја покажува и реакцијата на Александра на неговите најчесто несфатени досетки.

Александра досега не објавила фотографии од трудничкото стомаче, но тие редовно објавуваат заеднички фотографии на Инстаграм.

Погледнете дел од нив:

Б. С. Б. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

На 62 години го запозна мажот на својот живот, го загуби по 15 години - Тажната љубовна приказна на ... „Кога во 2009 Славко се вратил во Белград од САД, наши пријатели решиле да нè сп...
Бејби бум: 6 познати жени кај нас и во регионот кои ќе станат мајки во 2024 Сања Кужет, Тамара Чуприна, Хана Хуљиќ ќе станат мајки до крајот на оваа година....
Животот на Вељко Ражнaтовиќ и Богдана - имаат 3 сина, гламурот на Белград го заменија со живот на се... „Пресвртен момент за мене да се преселам на село беше моментот кога сфатив дека ...
Алекса Перовиќ чека трето дете - Се разведе пред 2 години, не го открива идентитетот на новата љубов Скоро две години по разводот, на Божиќ, победникот на „Ѕвездите на Гранд“ откри ...
Србинка (77) има 35 години помлад сопруг: „Привилегија е да имате млад маж - патуваме со кампер, тој... Сопругот (41) разголен ѝ приготвува риба во кампер, таа изгледа неверојатно и на...
Александра Пријовиќ блеска во втората бременост – разголените аутфити ги замени со удобна облека Со малку отечено лице, но блескав труднички сјај, Александра Пријовиќ откри дека...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg