Андрија Милошевиќ зборува за љубовта и семејството: „Апсолутно сум подготвен да станам татко“
- Детали
- среда, 21 април 2021
Српскиот актер во интервју за Telegraf.rs откри дека сака да стане татко. Во интервјуто тој говори за својата долгогодишна врска со колешката Александра Томиќ.
Андрија Милошевиќ на многумина им е омилен српски актер, кој покрај сериозните улоги, секогаш знае да ги насмее фановите со стендап, смешно видео или смешна улога како онаа во Андрија и Анѓелка.
Тој е во долга и среќна врска со неговата колешка Александра Томиќ, а во последното интервју актерот проговори дека со задоволство сака да стане татко.
За својата сакана Андрија вели дека е неговата втора половина:
„Ако нешто е прашање на среќа во животот, тогаш тоа е да ја најдеш својата втора половина. Замислете колку е тоа тешко сега, кога продажбата на телото и душата стана стандард“ - вели Андрија.
Судејќи според она што го кажува во интервјуто за српски Телераф, многу веројатно е дека Андрија и Александра имаат намера да се посветат на посериозните чекори во развојот на нивната заедничка врска. На прашањето дали планира наскоро да се испроба и во улогата на родител тој накратко одговори:
„Секако. Не сум луд да не станам татко.“
Српскиот актер веќе знае каков родител ќе биде и како ќе се постави во воспитувањето на детето:
„Апсолутно сум подготвен да станам татко и не се плашам од тоа. Го сакам тоа и (тоа) ќе се случи. Животот ве води на различни страни и патишта, а потоа едноставно доаѓате до еден миг кога помислувате на тоа. Всушност, вистински морате да го живеете животот без калкулации.“
Понатаму вели дека не можеме да калкулираме ништо, а особено не децата. Како што ќе нагласи: „Сè мора да почне од љубовта“.
Б. С. Б. | Црнобело