Бившиот на Северина со шокантни откритија: „3 месеци бегав од нејзините хистерии, мислам дека е зависничка“ (видео)
- Детали
- четврток, 21 октомври 2021
„Таа го занемаруваше детето, за него повеќе се грижеше нејзиниот партнер Игор, таа само глуми грижлива мајка“ – открива Милан, кој тврди дека не можел да го поднесе променливото расположение кај Северина и дека наводно била зависна од опојни супстанци.
По шокантните обвинувања во јавноста од страна на Северина кон нејзиниот поранешен партнер Милан Поповиќ, со кого таа го доби синот Александар, тој гостуваше во утринска програма и ја раскажа својата страна од приказната за врската со хрватската пејачка и судскиот процес за старателство.
Милан Поповиќ (55) вели дека одлуката за да ѝ се одземе старателството на Северина (49) во изминатите две години била донесена откако Александар (8) неоправдано пропуштил 46 дена да оди во училиште.
Поради оваа нејзина одлука, Александар требало да ја повторува годината, а Милан тврди дека тој како родител упорно работел секојдневно со својот син за успешно да ја заврши учебната година.
Милан открива дека за доброто на нивното дете тој дал предлог Северина да си ја работи сопствената работа, а да го остави синот кај него. Наводно таа ќе може да дојде и да го земе синот кога сака и тој стои зад тој предлог.
„Родителското право не може да се делегира. Мајката мора да го носи детето на лекар. Или таткото! Јас најдов докази дека Северина не се занимавала со детето.
Таа приказна дека таа е грижлива мајка, дека јас ѝ се одмаздувам, е само приказна за медиумите. Таа сè уште говори за тоа, сè уште говори за инает и љубомора“ – вели тој гостувањето.
https://www.instagram.com/p/BkoihwKgI8p/?utm_source=ig_web_copy_link
Милан проговори за врската со неа и вели дека тие имале три месеци согласна врска во која пејачката со сите напори се преправала и дека јавноста не ја познава вистинската Северина.
„Таа емотивна приказна со Северина за мене престана по шест месеци. Три месеци бевме во врска, а другите три поминаа во несогласувања, да не речам кавги“ – вели тој.