Џони Деп во посета на Србија – доби орден за заслуги, позира со Биковиќ и ги израдува дамите (фото)

Џони Деп е главна тема во Србија. Тој имаше средба со тамошниот претседател Александар Вучиќ, а ќе добие и орден за заслуги.

djoni-dep-vo-srbija-dobi-orden-za-zaslugi-a-damite-ostanaa-prekuvremeno-da-rabotat-za-da-go-vidat-01.jpgфото: Instagram/Twitter

Холивудскиот актер Џони Деп (58) деновиве престојува во Србија, по повод премиерата на анимираниот серијал Puffins Impossible, а обожавателите се собраа за да му посакаат добредојде.

Холивудскиот актер беше пречекан во кабинетот на претседателот на Република Србија Александар Вучиќ, а беше одликуван и со орден на заслуги.

Џони рече дека е почестен од одлуката да биде награден со Орденот, што свечено ќе му биде доделен на 15-ти февруари следната година.

Претседателот Вучиќ на својот Инстаграм профил се пошегува на сопствена сметка, па напиша:

„Почестен сум од доаѓањето на Џони Деп во нашата земја, а особено сум му благодарен на прекрасниот подарок Johnny Puff - Silent Sparrow  што го добив.

Сепак, главниот впечаток ми е дека никогаш во последните десет години не сум видел таква грижливост и посветеност на сите дами во мојот кабинет, затоа што сите останаа да работат прекувремено, се дотераа како никогаш до сега, но јас сум сигурен дека тоа е само заради мене, а никако заради него.“

Посетата на Џони Деп во Србија беше проследена и од голем број обожаватели кои се собраа за да го поздрават.

https://www.youtube.com/watch?v=8VrsOXFDhNE

Освен Џони Деп, на свечената вечера присуствуваше и српскиот актер Милош Биковиќ, кој исто така е дел од проектот.

Погледнете повеќе фотографии во продолжение:

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Татко му се самоубил – Тажната приказна за актерот кој го толкува Орхан во серијата „Грешници“ Вели дека најголемата грешка му била што не ја прифатил улогата на Полат Алемдер...
Јелена Карлеуша со емотивно сеќавање за Тоше: „Никогаш не сум плачела толку многу како дента кога за... „Тоше беше неуморен. И пееше како некоја виша сила да го тера да пее цело време,...
Србинка во солзи: „Ова ти е Америка - работиш за да умреш сам“ „Ова ви е Америка. Моментално сум пред болница. Моја колешка од работа која има ...
Работел на паркинг, сините очи ги наследил од мајка му – Кој е Бурак Челик, турскиот актер што мами ... Како дете имал цел да стане светски модел, а денес има цел да стане светски акте...
Чистел тоалети, спиел на паркинг, не го познавал турскиот јазик – Како Керем Бурсин стана еден од на... Татко му не сакал да му дозволи да студира глума, затоа што стравувал дека ќе гл...
Миле (100) и Јулија (94) во брак се 73 години - Се венчале во Скопје, никогаш не ѝ кажал груб збор Тој имал 26, а тој 20 кога започнала нивната љубов, велат дека животот не им ја ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg