Запознајте ја најзгодната турска докторка на Инстаграм: „На факултет доаѓаат мажи само за да ме видат“
- Детали
- недела, 03 октомври 2021
Таа е позната како најзгодната докторка во Турција. Берика Демир работи како модел, а истовремено е и лекар. Неодамна дипломираше, а благодарение на добриот изглед на Инстаграм ја следат 1,2 милиони следбеници.
Берика Демир (26) е мошне популарна инфлуенсерка во Турција, која славата ја стекнала откако учествувала во квизот „Кој сака да биде милионер?“ и била елеминирана уште на 5-тото прашање.
Во Турција таа е позната како „најзгодната докторка на Инстаграм“, каде редовно објавува свои фотографии, но тоа не ја спречува да остане доследна на своите цели и да биде успешна во полето на медицината, па работи и како лекар стажант.
Берика во минатото велеше дека не ѝ е непознато дека мажите пројавуваат голем интерес за неа, па во една прилика изјави:
„Има луѓе што доаѓаат во моето училиште само за да ме видат. Но, јас имам свој живот. Тоа не треба да го заборават“.
Таа во март годинава беше актуелна во турските медиуми откако се вери со нејзиниот колега Али Осман.
За неа се знае дека голем дел од парите што ги заработува како модел ги донира за сиромашни деца што сакаат да го продолжат образованието.
Според дел од турските медиуми нејзиниот изглед се должи на голем број пластични операции, на носот, на усните, па пишуваат дека таа дури ја променила и бојата на очите.
Погледнете дел од нејзините фотографии на Инстаграм: