Огњен Амиџиќ за изгледот: „Имав 103kg и ослабев, а се офарбав затоа што изгубив кладба од сопругата“

Огњен Амиџиќ (46) признава дека неговата добра форма се должи на редовни консултации со нутриционист, чиишто совети ги побарал откако сфатил дека нема цврст карактер, а нездравата исхрана значително му го влошува здравјето. Новата фризура, пак, е поради загубена кладба со сопругата.

amidjikj-vo-eden-period-imav-103-kilogrami-pa-oslabev-a-po-noviot-imidj-vekje-nema-da-se-oblozhuvam-so-soprugata-01.jpg

Огњен Амиџиќ (46) денес изгледа одлично, но тој откри дека пред 18 години имал проблеми со прекумерна тежина, кога по операцијата на гласните жици многу се поправил, а со истиот проблем се соочил и во периодот кога неговата сопруга Даниjела Димитровска (34) била бремена.

Како што пренесува Republika.rs, Огњен вели дека најмногу се поправил во 2003-тата година кога ги оперирал гласните жици.

„Тогаш бев најмногу поправен, па дојдов до 103 килограми. Поради здравствената состојба ми забранија да пушам цигари, а јас во тој период бев страстен пушач.

Утехата ја барав во храната, а покрај тоа имав и терапија со кортикостероиди, што исто така влијаеше врз мојот метаболизам“ – вели тој.

Подоцна успеал да намали на храната и да се врати во форма. Но, ако голем број мажи не веруваат во „митот“ дека кога жената е бремена и сопругот може да има проблеми со тежината, Огњен Амиџиќ признава дека во периодот кога неговата сопруга Даниjела Димитровска била бремена, тој повторно паднал во криза.

Прочитајте и Се запознале во емисија, има македонско потекло: Факти за сопругата на водителот Огњен Амиџиќ

Даниjела која по професија е модел, за време на бременоста успеала да ја задржи одличната линија, но Огњен вели дека за него овој период бил мошне стресен - како дома, така и на работното место, па поради нездравата исхрана добил и инсулинска резистенција, ,предсостојба на дијабетес тип 2.

View this post on Instagram

A post shared by DANIJELA DIMITROVSKA (@danijeladimitrovska)

Огњен се присетува на периодот кога неговата сопруга била бремена во 2013-тата година.

„Тој период беше пекол за нас. Таа беше бремена, а јас низ сè поминував заедно со неа. Не можев да спијам, а имав милион други обврски“ – вели Амиџиќ.

По ова Огњен побарал помош од нутриционист па успеал да ослаби 14 килограми.

„Видов дека не можам да се контролирам и дека немам цврст карактер, па затоа посетив експерт. Мојата нутриционистка ми даде план за исхрана што го почитувам сè уште.

Некогаш може да ми се случи малку да го прекршам, но брзо се враќам на вистинскиот пат“ – вели тој.

Тој за себеси вели дека е голем гурман и дека особена слабост му се слатките и многу сака да комбинира продукти што не би требало да се комбинираат како месо, компир и леб.

Освен со редовната помош на нутриционистката, Огњен денес се оддржува во топ форма и со вежбање:

„Правам склекови, клекнувања, истегнувања... Планирам да воведам и кардио тренинг, но не одам во теретана поради пандемијата“ – вели тој.

Оние што редовно ги следат емисиите на Огњен Амиџиќ знаат дека тој од неодамна почна да се појавува со нов имиџ, односно со руса коса.

Во интервју за svet-skandal.rs тој самиот откри дека новиот имиџ го добил затоа што загубил облог од неговата сопруга Данијела.

Тој признава дека тие двајцата честопати на шега се обложуваат, па минатата година откако загубила - Данијела морала да направи дует со Огњен и заедно ја снимија песната Dodaj gas.

https://www.youtube.com/watch?v=wao07S_G8P4

„Очигледно е дека веќе не треба да се обложувам со неа. Таа тогаш доби песна, а јас руса коса, па вие проценете кој поминал подобро“ – вели тој.

Инаку, Огњен и Данијела се запознаа во 2010-тата година кога таа била гостинка во неговата емисија. Во тој период Данијела беше во врска со друго момче, а Огњен во брак со Милица Марковиќ.

Milica Markovic / ELLE STYLE AWARDS 2016

Posted by VLADA SAVIC l Fashion Studio on Thursday, November 17, 2016

Набрзо откако се запознале одлучиле да ги напуштат дотогашните партнери и да започнат врска што резултираше со брак.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Бејби бум: 6 познати жени кај нас и во регионот кои ќе станат мајки во 2024 Сања Кужет, Тамара Чуприна, Хана Хуљиќ ќе станат мајки до крајот на оваа година....
Не сака да гради кариера со скандали, гласини за афера со Милица Павловиќ – Факти за Мирза Селимовиќ Мирза Селимовиќ во моментов е еден од најпознатите музичари на нашите простори, ...
Марија Шерифовиќ сподели нови фотки од синот Марио – На 9 месеци застанал на нозе, ја носи кошулата ... „Умирам за него, не можам да живеам без него“ – призна мајката на Марија Шерифов...
Партнерот ја оставил додека била бремена, заради ракот на мајка ѝ банкротирала – Тажната приказна на... Сама ги одгледала синовите близнаци затоа што партнерот ја оставил додека била б...
Што знаеме за првата сопруга на Огњен Амиџиќ – Таа го запросила, ретко се појавувал со неа во јавнос... „Првиот пат стапив во брак затоа што мислев дека така треба, а не затоа што бев ...
Петар Грашо го откри полот на бебето што го очекува – Дали пак ќе му го даде името што го планирал с... Пред извесен период хрватскиот пејач Петар Грашо, откри дека неговата сопруга Ха...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg