Тајните за убавина на Сузана Манчиќ (64) - не крие дека користи ботокс умерено

Кариерата ја започна како Лото девојка. Се фотографираше за „Плејбој“, а на 64 години сè уште изгледа одлично. Која е тајната на Сузана Манчиќ?

tajnite-za-ubavina-na-suzana-manchikj-ne-krie-deka-koristi-botoks-umereno-a-ne-pomisluva-na-dieti-01.jpg

Сузана Манчиќ (64) неодамна објави фотографии од младоста на Инстаграм и предизвика бура од позитивни коментари. Речиси сите се согласни дека таа и во седмата деценија од животот изгледа одлично.

„Додека ја лекувам настинката... Ова се стари фотографии, некои настрадале од поплавата, а некои од времето“ – напиша таа до фотографијата.

View this post on Instagram

A post shared by Suzana Mancic (@suzanamancicofficial)

Според нејзиниот изглед на фотографиите може да се процени дека тие настанале кон средината на 80-тите години на минатиот век. Инаку таа неодамна од одморот во Грција објави селфи фотографија без грам шминка, по што следеа низа коментари за нејзиниот добар изглед и за тоа како ѝ успева да изгледа толку младо на таа возраст. Во што е нејзината тајна?

View this post on Instagram

A post shared by Suzana Mancic (@suzanamancicofficial)

Сузана Манчиќ е една од ретките жени на балканските простори што признава дека користи ботокс и дека се подложила на природен третман за подмладување, познат и како „вампирски“ затоа што прво се вади крв од вена, а потоа таа крв се враќа во лицето. Исто така, отворено призна дека иако во минатото во целост се потпирала на козметиката, денес за нејзиниот изглед се грижат лекарите.

Таа направила хируршки интервенции на подочниците, го оперирала носот и градите. Таа е меѓу првите жени на Балканот што јавно призна дека сака да експериментира со естетската хирургија, но се труди да биде умерена и да не стане зависна од неа.

„Фантастично е што имаме можност да купиме два-три кубика младост! Тука се гледа интелигенцијата, кој се сака себеси, а кој не, кој настојува да личи на Анџелина Џоли... Треба да се негува индивидуалноста. Штета е кога шетате на улица и гледате клонирани жени“ – рече таа во една пригода.

Меѓу нејзините тајни за убавина, таа во истото интервју нагласи дека уште од мала стекнала навика никогаш да не си легнува со шминка и да користи лесен крем за лице.

„Доколку имате проблематична кожа, немојте сами да ја негувате. Доколку кожата ви е сува, секогаш нанесувајте хидратантен крем и не заборавајте да ги намачкате рацете и вратот затоа што тие ги покажуваат годините, а покрај тоа, пијте и многу течности“ – советува таа.

Сузана претходно тврдеше дека редовно посетува нутриционист, а по секое враќање од Грција мора да почне со строга диета за да ослабне. Но, пред неколку месеци, таа изјави дека воопшто не сака да размислува за диети.

На прашањето што честопати ѝ го поставувале во нејзината кариера за тоа на што се должи нејзиниот беспрекорен изглед, таа овојпат помалку незаинтересирано одговори:

„Да се разбереме, се мачкам со сè и сешто. На лицето и кожата мачкам сè што ќе стигнам. Нешто не вежбам како порано, но сметам дека телото помни сè. За диетите воопшто не сакам да размислувам, посебно не во време на корона. Качив некое кило, но не ми е грижа“ – рече таа.

Погледнете повеќе фотографии од Сузана во младоста:

На следната страна погледнете повеќе понови фотографии од Сузана...



Би можело да ве интересира:

Сама ги воспита, ги учела да не бидат мамини мази – Лидија Вукичевиќ е горда на синовите Кога станува збор за нејзините синови, не пропушта прилика а да не каже дека тие...
Важи за најголема „плачка“ во турските серии, гладува за да биде витка - Факти за Бестемсу Оздемир Признава дека гладува за да го одржи извајаното тело, до 17 години била како мом...
„Сакав да видам како се одело порано на море“ – Пар од Србија со Фиќо старо 46 години патувал до Ант... Со чести паузи, без клима и со максимална брзина од 80 km на час, српски брачен ...
Гласини дека беше во врска со Жељко Јоксимовиќ, заради љубов заврши во затвор – Се сеќавате ли на Ро... Во врвот на славата имаше гласини дека е во врска со Жељко Јоксимовиќ, потоа исч...
Не сака да гради кариера со скандали, гласини за афера со Милица Павловиќ – Факти за Мирза Селимовиќ Мирза Селимовиќ во моментов е еден од најпознатите музичари на нашите простори, ...
Марија Шерифовиќ објасни зошто не сака второ дете: „Кога синот ќе има 20, јас ќе имам 60 години“ „Јас не се сеќавам на семејни летувања и зимувања. Кога бев мала, мајка ми по 3 ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg