Турскиот заводник Џан Јаман на фестивалот во Венеција се појави без саканата - девојки го прогонуваат на секој чекор (видео)

„Веќе се навикнав девојките да ме следат на секаде“ – се шегува турскиот заводник Џан Јаман, кој се појави и на црвениот тепих во Венеција.

turskiot-zavodnik-djan-jaman-vo-venecija-se-pojavi-bez-devojkata-a-devojki-go-progonuvaat-na-sekoj-chekor-foto-01.jpg

Турскиот актер Џан Јаман пред неколку дена беше во посета на Белград, а сега е во Венеција на филмскиот фестивал каде ја доби наградата „Lido di Venezia“.

Речиси, како и секаде каде што оди, така и во Венеција неговото присуство не помина незабележано, па голем број девојки побрзаа за да се фотографираат со турскиот заводник. Џан Јаман веќе неколку месеци живее во Рим, а на прес конференцијата, прашан за тоа како се снаоѓа со тоа што постојано го следат девојките тој рече:

„Веќе се навикнав, ме бркаат на секаде. Не можев да замислам дека такво нешто би можело да ми се случи до пред неколку месеци“.

Инаку, Џан Јаман на фестивалот ја доби наградата за „ТВ личност на годината“, но забележително е дека со него не беше неговата девојка, италијанската презентерка Дилета Леота.

Тие беа заедно неколку месеци, а веќе дел од медиумите и шпекулираа дека наскоро ќе стапат во брак, сепак на фестивалот во Венеција турскиот заводник се појави сам, а неговата девојка одлучи овој период да го помине со семејството во Милано.

Дополнително, во прилог на тврдењата дека Џан Јаман и Дилета ставиле крај на врската оди и фактот што тие двајцата немаат објавено заедничка фотографија од јули годинава, кога се фотографираа по повод победата на Италија на Еуро 2020.

 turskiot-zavodnik-djan-jaman-vo-venecija-se-pojavi-bez-devojkata-a-devojki-go-progonuvaat-na-sekoj-chekor-foto-03.jpg

turskiot-zavodnik-djan-jaman-vo-venecija-se-pojavi-bez-devojkata-a-devojki-go-progonuvaat-na-sekoj-chekor-foto-04.jpg

Заводливиот Џан Јаман:

 turskiot-zavodnik-djan-jaman-vo-venecija-se-pojavi-bez-devojkata-a-devojki-go-progonuvaat-na-sekoj-chekor-foto-02.jpg

turskiot-zavodnik-djan-jaman-vo-venecija-se-pojavi-bez-devojkata-a-devojki-go-progonuvaat-na-sekoj-chekor-foto-05.jpg

turskiot-zavodnik-djan-jaman-vo-venecija-se-pojavi-bez-devojkata-a-devojki-go-progonuvaat-na-sekoj-chekor-foto-09.jpg

Прочитајте и Има македонско потекло, бил правник – Кој е „Романтичарот“ од истоимената турска хит-серија? (фото)

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Зошто пејачот Владо Георгиев не јаде веќе 9 дена? По скандалот со апсењето поради возењето во алкохолизирано издание и со прекумер...
Лепа Брена остава без здив во бикини на Тајланд со сопругот - згодна како млада девојка и на 64 годи... Додека закрепнува од повредата на ногата, Брена ужива на Тајланд, од каде повтор...
Најдобриот другар го тужел за пари, ги крие девојките – Што знаеме за грчкиот пејач Никос Вертис? Во 2017-та година се најде среде скандал кога најдобриот другар од детството го ...
„Бев на погреб во Белград, имаш девојка од 27 години лежи и последно збогум - не гледаш партија, ни ... „Кој знае колку луѓе дојдоа. Се чекаше ред. И во тие моменти сè се заборави: пол...
Вирално видео на Србинка: „Јас сум заменик директорка и сум патлиџан турист – со себе носам макарони... „Многу од вас мислат дека ви требаат многу пари за одмор, дека мора да можете да...
Татко му се самоубил – Тажната приказна за актерот кој го толкува Орхан во серијата „Грешници“ Вели дека најголемата грешка му била што не ја прифатил улогата на Полат Алемдер...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg