Бурак Озџивит, Џан Јаман, Киванч Татлитуг – Кои се најзгодните турски актери?
- Детали
- среда, 01 септември 2021
Кој според вас е најзгоден турски актер? Љубителите на турските серии сигурно имаат по некој свој симпатија поради кого редовно ги следат сериите, а кога ќе се прашаат жените од Балканот овие седум турски актери се просто неодоливи.
Во продолжение погледнете седум турски актери што важат за вистински заводници:
Бурак Озџивит
Бурак Озџивит е еден од најпознатите турски актери кај нашата публика. За него се знае дека на почетокот на кариерата работел како модел, првата актерска улога ја имал во серијата „Екси 18“. На македонската публика ѝ стана познат по улогата на „Бали Бег“ во серијата „Сулејман Величествениот“.
Во 2017-тата година тој се ожени за колешката Фахрије Евџен и со неа во 2019-тата година го добија синот Каран. Бурак во моментов има 18.8 милиони следбеници на Инстаграм, а редовно објавува фотографии со семејството и со синот.
https://www.instagram.com/p/COfNhmll1Vu/?utm_source=ig_web_copy_link
Џан Јаман
Џан Јаман е познат по улогата во серијата „Романтичарот“, а по него лудуваат не само жените од Балканот, туку и во други земји. Се чини каде и да се појави Џан Јаман зад него следат голем број обожавателки, ако може да се процени според она што неодамна се случуваше во Белград.
Тој исто така е мошне популарен и во Италија, каде при посетата пред извесно време буквално го следеле голем број жени и барале да се фотографираат со него, пришто тој на крај дури и морал да плати казна од 400 евра за непочитување на мерките за време на корона.
Џан Јаман има 8,6 милиони следбеници на Инстаграм, а редовно објавува фотографии со кои ги краде воздишките кај женската публика:
https://www.instagram.com/p/CJGAlRHhM5K/?utm_source=ig_web_copy_link
Халит Ергенч
Халит Ергенч е најплатениот и најпознатиот турски актер. Две години студирал за инженер за бродоградба, а потоа се префрлил на факултетот за актерска игра на универзитетот „Мимар Синан“. Како студент работел сè и сешто-бил оператер, пратечки вокал, а најмногу пари заработил како танчар во ноќни клубови.
Тој е во брак со неговата колешка од серијата „1001 ноќ“ Бергузар Корел со која во моментов го очекуваат третото дете.
Кенан Имирзалиоглу
На нашата публика ѝ е познат по улогата на Езел. Кенан Имирзалиоглу е турски филмски и телевизиски актер и модел. Дипломирал математика, но долги години се занимава со глума. Не е многу активен на социјалните мрежи, а неговиот Инстаграм профил го следат 111 илјади следбеници.
Мехмет Гунсур
Мехмет Гунсур исто така играше во серијата „Сулејман Величествениот“ каде ја толкуваше улогата на принцот Мустафа, најстариот син на Сулејман.
Тој ги завршил студиите по глума во Италија каде и денес живее со своето семејство. Работел како манекен и бармен. Оженет е за италијанска режисерка со која имаат две деца. Вели дека во Италија е среќен затоа што не го прогонуваат фотографи, додека во родната Турција постојано се наоѓа во таблоидите.
Киванч Татлитуг
Киванч Татлитуг уште го нарекуваат и турскиот Бред Пит. Тој е поранешен кошаркар, а во 2002-та година бил избран и за најубав машки модел во светот.
Тој играше во серијата „Ѓумуш“, во серијата „Езел“ и во серијата „Скриени страсти“.
https://www.instagram.com/p/CFICdNRBYTf/?utm_source=ig_web_copy_link
Озџан Дениз
Со турскиот актер Озџан Дениз македонската публика имаше прилика да се запознае преку улогата на Мурат во ТВ серијата „Црната Роза“, а потоа следеа улогите и во други ТВ серии, како во „Виорот на судбината“, „Парампарче“, „Истанбулската невеста“ и други.
Тој 15 месеци беше во брак со актерката и манекенка Фејза Актан, со која го има синот Кузај. Озџан на Инстаграм има 2,3 милиони следбеници, а редовно објавува фотографии и од семејството, но и од проектите на кои работи.
https://www.instagram.com/p/CPN513JpRwI/?utm_source=ig_web_copy_link
Б. С. Б. | Црнобело