Исхраната на Емина Јаховиќ на која ѝ го должи совршениот изглед - строго се забранети 4 намирници
- Детали
- сабота, 04 септември 2021
Емина Јаховиќ важи за една од најатрактивните пејачки на балканската сцена. Позната е по тоа што многу внимава на физичкиот изглед, редовно вежба, а грижата за правилна исхрана исто така не е исклучок.
Емина одлучи да сподели дел од своите совети кои ги практикува за фит фигура, односно за намирниците што ги консумира и оние што ги одбегнува по секоја цена.
Иако Емина е мајка на две момчиња кои обожаваат чоколадо, пуканки и чипс, таа од својот дом целосно го има исфрлено шеќерот, грицките и генерално јаглените хидрати. Таа воопшто не консумира алкохол, ниту пак има навика доцна да вечера.
Нездравите намирници кои ни го дујат организмот се тешко сварливи и придонесуваат за покачување на масните наслаги и килограмите. Токму затоа Емина ги заменила со салати, овошје, свеж и термички обработен зеленчук, месо, додека наместо сокови таа најчесто пие обична вода, вода со лимон, портокал, ѓумбир или пак чаеви.
Емина на Инстаграм во својата објава истакна и дека нејзиниот физички изглед во голема мера зависи и од тоа што ги избегнува и негативните луѓе и настојува да биде опкружена само со оние коишто ја сакаат.