„Збогум легендо, големите се помнат засекогаш“: Лепа Брена, Цеца - балканските ѕвезди се збогуваат со Милан Лане Гутовиќ

Познатите балкански ѕвезди, како Цеца и Лепа Брена дадоа кратки изјави со кои се простија од познатиот српски актер Милан Лане Гутовиќ кој по тешко боледување почина во 75-тата година од животот.

balkanskite-dzvezdi-se-prostuvaat-so-milan-lane-gutovikj-idnite-generacii-kje-te-pametat-01.jpg

Српскиот актер Милан Лане Гутовиќ почина вчера (25.08) по потешко боледување. Актерот почина на 75-годишна возраст, а ќе остане запаметен по големиот број улоги во српските ТВ серии и театарски претстави.

Според пишувањата во српските медиуми, Гутовиќ пред две недели бил примен во болница каде бил сместен на одделот за интензивна нега. Сите тестови за корона вирус биле негативни, но лекарите забележале промени на белите дробови, за кои што се претпоставува дека се последица на претходно прележан ковид.

Гутовиќ е роден во 1946 година, а завршил Академија за театар, филм, радио и телевизија во 1967 –мата година.

balkanskite-dzvezdi-se-prostuvaat-so-milan-lane-gutovikj-idnite-generacii-kje-te-pametat-05.jpg

Филмската кариера ја почнал во 1968 година во филмот „Бекство“ на Радош Новаковиќ. Во театарот прво почнал да работи во Југословенско драмско позориште, а во Београдско народно позориште дошол во 2006-тата година.

По веста за смртта на познатиот српски актер голем број српски ѕвезди објавија постови на социјалните мрежи со кои се простија од актерот што кај нашата публика ќе остане запаметен по улогата на Среќко Шојиќ во филмот „Тесна кожа“.

balkanskite-dzvezdi-se-prostuvaat-so-milan-lane-gutovikj-idnite-generacii-kje-te-pametat-04.jpg

Познатата српска пејачка Светлана Цеца Ражнатовиќ на Инстаграм Стори се прости од Гутовиќ:

„Драг Лане... Беше задоволство и чест што те познавав... Збогум легендо, големите се помнат засекогаш“ – напиша Цеца.

balkanskite-dzvezdi-se-prostuvaat-so-milan-lane-gutovikj-idnite-generacii-kje-te-pametat-02.jpg

Српската актерка Лидија Вукичевиќ со кого играа заедно во повеќе српски филмови, објави фотографија од филмот „Бољи живот“, а до неа кратко напиша: „Мој Лане“...

Таа за порталот Republikа.rs даде кратка изјава во која вели:

„Јавноста знае дека Лане беше голем човек, но неговата големина ја знаеме ние што навистина добро го познававме. Никогаш не ја следеше толпата и затоа го сакав и го ценев. Имаше свој стил, став, мислење и не ми беше грижа што мислат другите за тоа и дали се согласуваат. Никогаш не им делеше совети на другите колеги, но од секој разговор со него можевте да извлечете убави и добри поуки, заклучоци и зборови што само можеа да ви помогнат во животот“ – вели таа за него.

На својот Инстаграм профил со Гутовиќ се прости и познатата пејачка Лепа Брена:

„Драг Лане. Знам дека отиде на подобро и поубаво место. Како уметник се даде себеси во целост и остави голем печат како актер на целиот Балкан. Ти, како вистинските луѓе и актери, ми помогна, ми пружа совет и поддршка да ја направиме историската сцена за филмот Тесна кожа. Тоа го прават великаните“ – напиша таа до фотографијата.

Меѓу неговите колеги, што со свои постови на Инстаграм се простија од славниот актер е и Андрија Милошевиќ, кој накратко напиша:

„Вечна слава легендо, ќе те помнат генерациите“.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Што ти е тебе сестро?“ - Српски монах јавно ја осуди Јелена Ѓоковиќ „Јелена носи некои луѓе од белиот свет за да ги учат родителите во Србија како с...
Љубовната приказна на Цеца и Аркан - Првпат го видела на фотографија во Playboy, го убија во нејзина... „Кажав дека ќе се мажам за Жељко, а мајка ми рече: ‘За Шашиќ? Одлично, тој е пре...
Не сака да гради кариера со скандали, гласини за афера со Милица Павловиќ – Факти за Мирза Селимовиќ Мирза Селимовиќ во моментов е еден од најпознатите музичари на нашите простори, ...
Што знаеме за сестрата на Цеца, која работи како директорка во нејзината фирма и се крие од јавноста... „Ние две отсекогаш сме биле тандем. Сестра ми ми ја даде најголемата поддршка во...
Едниот син таа го пронајде мртов, другиот се предозира во Израел: Трагедиите во семејството на Марин... Во 2008 година, ненадејно почина помладиот син на Марина Туцаковиќ. Во 2021-ва т...
Беше во брак со двајца српски пејачи кои беа другари, наследи вила од 750.000 евра: Која е фаталната... Таа ги скара најдобрите пријатели Аца Лукас и Жељко Шашиќ, но и двајцата ги оста...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg