Неда Украден наполни 71 година: „Немам правено пластични операции, а ако се прејадам правам по 60 стомачни“
- Детали
- вторник, 17 август 2021
Никој не би рекол дека српската пејачка Неда Украден наполни 71 година судејќи по нејзиниот изглед, за кој самата вели дека нема направено ниту една естетска корекција, а нејзината добра форма се должи на вежбите за стомачните мускули.
Неда Украден својот 71-ви роденден го прослави во Црна Гора со семејството: ќерката Јелена, зетот и внуците Александра, Неда и Душан. По повод својот роденден таа објави фотографија на својот профил на Инстаграм до која напиша:
„Благодарна сум за сè што е убаво и добро во мојот живот, ви наздравувам на сите на овој мој ден. На здравје!“ – напиша таа.
Неда Украден често ја нарекуваат балканската Тина Тарнер. За нејзиниот младешки изглед мошне се зборувало и во минатото, а таа во една прилика откри и дека никогаш не се подложила себеси на естетски операции:
„Сè на мене е мое. Погледнете ги моите стари фотографии и овие од сега. Тоа е истата Неда. Само ова е постара Неда, но тоа е мојот нос, мојата уста, моите јаболкници, моето лице“ – објасни таа во една прилика, пренесува blic.rs.
Нејзиниот добар изглед се должи на постојаното вежбање. Таа вежба секое утро кога ќе стане, а во главно прави вежби за дишење и вежби за тело, односно сите вежби што може да ги направи дома.
„Ставам постилка на под и правам вежби за стомачни мускули и склекови. Секој ден правам најмалку 34 вежби за стомачните мускули. Вежбите не ми се напорни, а вежбам затоа што сакам да јадам тестенини и слатки што веднаш се гледаат на телото. Кога ќе претерам со храна, не правам по 30, туку по 50 до 60 вежби за стомачните мускули“ – вели таа.
Друг интересен факт за Неда е тоа што иако има мошне успешна кариера како естраден уметник и како пејачка, таа има завршено и два факултета, дипломирала на катедрата за англиски јазик и книжевност и на Правен факултет во Сараево.
Погледнете повеќе фотографии од Неда во продолжение:
Б. С. Б. | Црнобело